Актуелниот шампион Мерцедес АМГ повторно испрати многу силна слика за издржливоста на својот болид. W08, немаше ниту еден проблем во текот на четирите тест дена, поминувајќи 558 круга или 2597 км., но од нив тоа и се очекуваше. Според присутните аналитичари на патеката за нивниот болид единствена мана, ако може да се нарече така, е недоволната негова стабилност на медиум компонентата на Пирели. Сите проценки одат во насоката дека тоа е најбрзиот болид на гридот.
Најголемото изненадување е болидот на Ферари. По шпекулациите кои доаѓаа од нивната база во Маранело, никој не очекуваше дека SF70H ќе биде најстабилниот болид на асфалтот, без разлика на која смеша на Пирели гумите е во моментот. Тоа е болидот кој имаше најдобар баланс на изминатата сесија. Други тимови укажуваат дека Италијанците имале многу малку гориво во резервоарот, што за последица имаше поставување на брзи времиња и на потврдата смеша.
Ако тоа е вистина би било глупаво од нивна страна, бидејќи сезоната само што не започнала, па подобро е проблемите сега да излезат на виделина, наместо да се камуфлираат. Втората сесија ќе ни даде помош околу тоа прашање, дали Ферари е навистина брз како што се претпоставува и дека ќе може да го предизвика Мерцедесот.
Хонда направи големи напори за подобрување на својата ПЕ од минатата сезона, но почетокот беше во истиот стил. Фрустацијата дека целиот пакет не е она вистинското што треба да биде сеуште постои во овој тим. Значи проблемот не е само Хонда, т.е. многу добра шасија е изневерена од ПЕ, во прашање е целосниот пакет. Мекларен и Хонда имаат многу напорна работа ако сакаат да се направи нешто повеќе.
Тестот помина незабележително за тимовите кои во своите болиди ја користат Рено ПЕ. Рено без сомнение има постигнато напредок од минатата година, но има место за уште поголем напредок. Значи има простор за оптимизација. Основите се на вистинското место и со добар развој на работите, секако ќе им донесе пласман меѓу врвот. Секако најсилен пакет има тимот на Ред Бул, а веднаш зад се Рено, додека Торо Росо ги чека многу повеќе работа. Ако не друго нивниот болидот STR12 во Барселона и според мнозинството фанови од целиот свет едногласно е избран за најубавиот болид за оваа сезона.
Вилијамс имаше лоша тест сесија. Освен првиот ден со Фелипе Маса кога се беше ОК, останатите денови беа упропастени од страна на дебитантот Ленс Строл, кој наместо да тестира се учеше да вози Ф1 болид. Не дека младиот возач не е способен, но по се изгледа пребрзо му се даде шанса да влезе во овој спорт и тоа директно во тим кој предендира да речеме за 4-тото место во поредокот на конструктори
Заубер е најмалиот и најсиромашниот тим, па оваа сезона и сите наредни примарна цел е нивниот опстанок. Со минатогодишната Ферари ПЕ, ќе го чека борба за избегнување на последното место на табелите. Останатите тимови што не ги споменавме не се истакнаа со нешто, се вклопија во просечноста, па со тоа и очекуваме просечни резултати за средината/крајот на поредокот.
На ред е втората пред сезонска тест сесија од 7-10 Март, каде ќе добиеме појасна слика за перформансите на тимовите пред почетокот на сезоната на 26 Март со трката за Големата Награда на Австралија!!!
ЗБИРНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВАТA ТЕСТ СЕСИЈА
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:19.705 | / (УМ) |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:19.952 | + 0.247 (М) |
3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:20.872 | + 1.167 (М) |
4 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:20.983 | + 1.278 (СМ) |
5 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:21.153 | + 1.448 (М) |
6 | Џолион Палмер | Рено | 1:21.369 | + 1.664 (М) |
7 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:21.769 | + 2.064 (М) |
8 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:21.791 | + 2.086 (М) |
9 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:21.824 | + 2.119 (СМ) |
10 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:22.076 | + 2.371 (Ме) |
11 | Роман Грожан | Хас | 1:22.118 | + 2.415 (СМ) |
12 | Кевин Магнусен | Хас | 1:22.204 | + 2.499 (СМ) |
13 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:22.351 | + 2.646 (М) |
14 | Антонио Џовинаци | Заубер | 1:22.401 | + 2.696 (УМ) |
15 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:22.509 | + 2.804 (СМ) |
16 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:22.534 | + 2.829 (СМ) |
17 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:22.576 | + 2.871 (УМ) |
18 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:22.598 | + 2.893 (УМ) |
19 | Данил Квјат | Торо Росо | 1:22.956 | + 3.251 (М) |
20 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:23.540 | + 3.835 (Ме) |
21 | Алфонсо Селис | Форс Индија | 1:23.568 | + 3.863 (СМ) |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум
КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА И ПОМИНАТИ КМ ПО ВОЗАЧ
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | КРУГА | КМ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 324 | 1508 |
2 | Себастијан Ветел | Ферари | 267 | 1242 |
3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 234 | 1089 |
4 | Кими Раиконен | Ферари | 201 | 935 |
5 | Маркус Ериксон | Заубер | 198 | 921 |
6 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 174 | 809 |
7 | Роман Грожан | Хас | 174 | 809 |
8 | Кевин Магнусен | Хас | 169 | 786 |
9 | Антонио Џовинаци | Заубер | 151 | 702 |
10 | Нико Хулкенберг | Рено | 150 | 698 |
11 | Џолион Палмер | Рено | 143 | 665 |
12 | Серџо Перез | Форс Индија | 121 | 563 |
13 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 120 | 558 |
14 | Ленс Строл | Вилијамс | 110 | 512 |
15 | Штофел Вандорн | Мекларен | 107 | 498 |
16 | Фелипе Маса | Вилијамс | 103 | 479 |
17 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 101 | 470 |
18 | Данил Квјат | Торо Росо | 100 | 465 |
19 | Естебан Окон | Форс Индија | 86 | 400 |
20 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 83 | 386 |
21 | Алфонсо Селис | Форс Индија | 71 | +330 |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум

КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА И ПОМИНАТИ КМ ПО ТИМ
П. | ТИМ | КРУГА | КМ |
1 | Мерцедес АМГ | 558 | 2597 |
2 | Ферари | 468 | 2178 |
3 | Ред Бул | 349 | 1624 |
4 | Хас | 343 | 1596 |
5 | Заубер | 294 | 1368 |
6 | Рено | 293 | 1363 |
7 | Форс Индија | 278 | 1294 |
8 | Вилијамс | 215 | 991 |
9 | Мекларен | 208 | 968 |
10 | Торо Росо | 183 | 851 |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум