Еден од тимовите кои имаат голема потреба од овие тест сесии е секако Мекларен, особено Јапонскиот производител на нивните погонски единици, од каде се свесни дека треба да извадат поголема моќност од својата 2017 ПЕ. Тестирањето треба да им помогне во разбирањето на она што треба да се направи, насоката по која треба да се развиваат.
Хасегава, шефот на Хонда Ф1, вели: "Некои идеи ќе бидат тестирани, но тоа нема да бидат целосно нови ПЕ. Ние немаме одлучено кога ќе воведеме нова спецификација, јас имам поставено моја цел, но нема да ја кажам јавно. Не сакам да им давам премногу очекувања на фановите, па јас ќе почекам. Сепак, се наоѓаме во оваа ситуација кога не можеме да чекаме премногу, нас ни требаат некои брзи подобрувања." Хонда воведувањето на нова спецификација на 2017 ПЕ го закажа за Монако или Канада, но има одредени шпекулации дека ќе се одлучат и за преодно решение на Шпанското ГП.
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА
| ТИМ | ВТОРНИК, 18/4/2017 | СРЕДА, 19/4/2017 |
| Мерцедес АМГ | Луис Хамилтон | Валтери Ботас |
| Ферари | Антонио Џовинаци | Себастијан Ветел |
| Вилијамс | Строл/Маса | Гери Пафет |
| Ред Бул | Даниел Рикиардо | Пјер Гасли |
| Рено | Нико Хулкенберг | Сергеј Сироткин |
| Форс Индија | Перез/Окон | Алфонсо Целис |
| Торо Росо | Шон Гелајл | Саинц/Квјат |
| Заубер | Маркус Ериксон | Паскал Верлајн |
| Мекларен | Оливер Тарви | Штофел Вандорн |
| Хас | Роман Грожан | Кевин Магнусен |

