Фернандо Алонсо ќе ja пропушти Големата Награда на Монако за да може да настапи на Индијанаполис 500 трката закажана за 28 Мај. Шпанецот ќе се натпреварува за Андрети Автоспорт, тим кој, исто така, користи Хонда мотори, а неговиот автомобилот ќе се ребрендира како Мекларен и ќе биде обоен во традиционалната портокалова боја.
Двократниот шампион се реши да ја пропушти еднинствената трка на која Мекларен може да направи нешто повеќе, бидејќи моќта на ПЕ не игра голема улога, за да биде во можност да проба нешто ново. Ова ќе биде деби настап за Алонсо на најпознатата трка од Индикар Шампионатот.
Фернандо Алонсо: "Многу сум возбуден што ќе се тркам на овогодинешната трка Инди500 со Мекларен, Хонда и Андрети Автоспорт. Инди500 е една од најпознатите трки во моторспортот, а нејзина конкуренција се само 24 часа Ле Ман и Монако ГП-то."
"Се разбира, жал ми е што нема да бидам во можност да се натпреварувам на трката за Големата награда на Монако, но, таму имам забележано две Победи, а една од моите амбиции е да ја освојам тројната круна на мотоспортот (Монако, Индијанаполис 500 и 24 часа Ле Ман), што му успеало само на еден возач во историјата, Греам Хил."
"Предизвикот е голем, но јас сум подготвен. Не знам кога ќе се натпреварувам во Ле Ман, но има многу време за тоа. Имам само 35 години."
Зек Браун, шефот на Мекларен, запрашан за тоа дали Фернандо може да победи, изјави: "Па, не би давал толку смели предвидувања, но очекувам да биде тука некаде. Тимот за кој ќе се трка е Победникот од минатата година, со користење на истиот Хонда мотор, додека Фернандо е најдобриот возач во светот. Тоа е доста убедлива комбинација. Покрај тоа, разликата помеѓу Формула 1 и Индикар болидите сега се помали отколку порано."
Мекларен се уште нема потврдено кој ќе го замени Алонсо на трката за Големата Награда на Монако, но секако прв кандидат е Џенсон Батон, кој сеуште има договор со тимот од Вокинг.
ФЕРНАНДО АЛОНСО ГО НАПУШТА МЕКЛАРЕН
4/12/2017 04:26:00 PM
0
Share to other apps



