Кими Раиконен: "Се разбира, во Монте Карло, трката е најдобро да се почне од Пол позицијата, но тоа не е гаранција за ништо. Секогаш можете да возите уште побрзо, но резултатот е добар, па јас сум прилично среќен за себе и среќен за тимот, бидејќи утре два болиди на Ферари ќе стартуваат од првиот ред. Тука, трката е многу интересна, па ние ќе се обидеме да го забележиме најдобриот можен резултат. Зошто тоа не би била победата."
Себастијан Ветел: "Кими беше одличен! Денес, болидот беше одличен, беше задоволство да се вози. Во финалниот брз круг, малку претерав, изгубив контрола врз болидот, но, во секој случај, тимот забележа голем резултат, иако јас не сум толку задоволен од исходот. Во секој случај, Кими комплетираше совршен круг."
Валтери Ботас: "На крајот комплетирав еден навистина добар круг, а кога ќе го направите тоа во Монако, чувството е позитивно. Сепак, денес Ферари беа премногу брзи, му честитам на Кими за Пол позицијата. Ситуацијата и понатаму е тешка, во Монако не е лесно да се комплетираат сите парчиња на мозаикот. Во принцип, Ферари од почетокот на овој викенд имаа предност, денес тие работеа подобро. Утре на трката се може да се случи."
Макс Ферстапен: "Мислам дека мојот круг во решавачкиот последен обид беше максимумот во оваа ситуација. На предните гуми им недостигаше повеќе грип, како би можел да нападнам повеќе. Се разбира, вие секогаш сакате да бидете што поблиску до Пол позицијата, но возев на самиот лимит. Имаме шанси за подиумот, но најпрво сакам да ја завршам трката. Се надевам дека ќе имаме чист старт и натпревар во текот на трката со нашите ривали. Тоа е нашиот план за утрешната трка."
Даниел Рикардо: "Во финалната сесија од квалификациите бевме ограничени на еден обид. Ривалите возеа по еден екстра круг за да ги загреат гумите, па затоа решивме и ние да го направивме истото. Сепак, таа тактика работи, ако имате агресивен и правилен почетен круг, како би се загреале гумите на вистинскиот начин. Но, јас се најдов во гужва и не разбирам зошто од тимот ме пуштија на патеката во тој момент. Не бевме во кнап ситуација со времето?!?"
"Изгледа дека направивме глупава грешка. Да бидам искрен, борбата во Монако, всушност, се одвива денес, на квалификациите, кога е многу важно да се има добар круг. 5-тата стартна позиција не е доволно добар резултат, моментално сум вознемирен и не гледам причини за оптимизам."
Луис Хамилтон: "Денес, јас навистина се борев со мојот болид, бев малер со жолтите знамиња, но тоа сега не е важно. Можеби ќе се пласирав во Q3, но со темпото што го имав, мислам дека не ќе можев да се борам за Топ 5 пласман. Валтери не ги имаше истите проблеми, па јас сум малку збунет и во моментот не можам да го лоцирам проблемот. Моментално се чувствувам прилично разочарано, но утре е нов ден. Ние само треба да идентификуваме зошто јас не бев во можност да бидам при врвот. Падови и Подеми."
РАДОСТ И ФРУСТАЦИИ ПО ДЕНЕШНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ
5/27/2017 07:12:00 PM
0
Tags
Share to other apps






