На стартот од трката Кими Раиконен имаше чист старт и по првиот свиок го задржа првото место пред Ветел, Ботас, Ферстапен и Рикиардо. Кевин Магнусен, го имеше најдобриот старт, претекнувајќи ги болидите на Нико Хулкенберг и Данил Квјат за деветото место. Русинот изгуби две позиции и се најде пред Луис Хамилтон кој успеа да го помине само Мекларенот на Штофел Вандорн.
По десет комплетирани круга, без промени на позиции, Раиконен успеа да создаде две секунди предност пред Ветел, што повеќе беше дело на Германецот како резултат на постигнување на оптималната разлика за возач кој се наоѓа зад болид и не сака да ги прегрее своите гуми. Тој пак имаше 3.6 секунди предност во однос на Ботас. Редоследот на гридот се стабилизира и немаше турбуленции до 30-от круг, кога Ветел почна да се приближува до својот тимски колега, период кој возачите и инженерите го нарекуваат "pit window", кога некој од возачите може да се реши за промена на гуми, за да добие место плус по излегувањето од боксевите.
Во Монте Карло престигнувањето е тешко, па Ферстапен беше првиот возач кој ја започна финалната стратегиска битка и во 32-от круг се реши да влезе во бокс, обидувајќи се на тој начин да го помине Ботас, кој пак се реши за промена на гумите два круга подоцна. Обидот на Холанѓанецот заврши неуспешно. Во истиот тој 34-ти круг Кими Раиконен во разговор со својот тркачки инженер решија да реагираат на Мерцедесот и го завршат нивниот пит-стоп. По неговото излегување на патеката, Ветел ја предводеше трката со 4.7 секунди пред Рикиардо, кој исто така не беше ги посетил своите механичари. Кими Раиконен беше трет.
Ветел во тие моменти ги забележуваше најбрзите круг во трката, со надеж дека ќе направи доволна предност пред својот тимски колега за повторно да се врати на првото место. Оваа тактика денес беше добитна, па кога Германецот ги промени своите гуми во 39-от круг на патеката излезе пред Кими Раиконен. Рикиардо беше уште поголем добитник со истата стратегија, претекнувајќи го тимски колега, Ферстапен и Мерцедесот на Ботас.
Следното возбудување дојде во 61-от круг, кога Батон се судри со Верлајн и Зауберот заврши странично на асфалтот, веднаш до бариерите. Безбедносното возило беше веднаш распоредено, заедно со медицинското возило. На прв поглед изгледаше како страшен инцидент, но кога беше пуштено тимското радио на Заубер во преносот стана јасно дека Германецот не е повреден, само дека се наоѓа во незгодна положба. Расчистување траеше шест круга, а во меѓувреме и неговиот тимски колега, Маркус Ериксон, успеа да заврши во бариерите при претекнување на безбедносното возило.
Трката продолжи на крајот од 67-от круг, кога Ферстапен веднаш се обиде да изврши притисок врз Ботас, кој пак се обидуваше да го претекне Даниел Рикиардо во вториот Ред Бул. Сепак сите тројца на крајот ја задржаа истата позиција на патеката, дозволувајќи им на болидите на Ферари да направат предност.
До крајот немаше други возбудувања, па Ветел ја забележа неговата втора победа во Монако, додека Раиконен успеа да се одржи на второто место, пред Рикиардо кој при крајот се обиде да направи одреден притисок врз Финецот. Зад Рикиардо, Ботас, финишираше на четвртото место пред Ферстапен, Саинц ЈР., Хамилтон и Грожан. Квјат беше на прагот да заврши на деветтото место, но имаше судир со Серџо Перез што значеше предвремен крај за возачот на Торо Росо. Фелипе Маса, среќно до деветтото место пред вториот болид на Хас и Кевин Магнусен.
Себастијан Ветел сега ја зголеми својата предност пред Луис Хамилтон на 25 поени во битката за титулата на возачи, додека кај тимовите Ферари сега имаат 17 поени предност пред Мерцедес АМГ. Комплетните табели ги имате во прилог.
Голема Награда на Монако, Монте Карло
78 круга, 260.286км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ферари 1:44:44.340
2. Кими Раиконен Ферари + 3.145
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 3.745
4. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 5.517
5. Макс Ферстапен Ред Бул + 6.199
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 12.038
7. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 15.801
8. Роман Грожан Хас + 18.150
9. Фелипе Маса Вилијамс + 19.445
10. Кевин Магнусен Хас + 21.443
11. Џолион Палмер Рено + 22.737
12. Естебан Окон Форс Индија + 23.725
13. Серџо Перез Форс Индија + 39.089
2014 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:27.661
2015 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч49:18.420
2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч59:29.133
2017 С.Ветел - Ферари - 1ч44:44.340
НАЈБРЗ КРУГ: Серџо Перез - 1:14.820
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ
Данил Квјат Торо Росо
Ленс Строл Вилијамс
Штофел Вандорн Мекларен
Маркус Ериксон Заубер
Џенсон Батон Мекларен
Паскал Верлајн Заубер
Нико Хулкенберг Рено
Генерален пласман по 6 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Себастијан Ветел 129 Ферари 196
2. Луис Хамилтон 104 Мерцедес АМГ 179
3. Валтери Ботас 75 Ред Бул 97
4. Кими Раиконен 67 Форс Индија 53
5. Даниел Рикиардо 52 Торо Росо 29
6. Макс Ферстапен 45 Вилијамс 20
7. Серџо Перез 34 Рено 14
8. Карлос Саинц ЈР. 25 Хас 14
9. Фелипе Маса 20 Заубер 4
10. Естебан Окон 19 Мекларен 0
11. Нико Хулкенберг 14
12. Роман Грожан 9
13. Кевин Магнусен 5
14. Паскал Верлајн 4
15. Данил Квјат 4
По подолго време 1-2 Победа за Ферари


