Управното тело на ФИА за мото трки одлучи да покрене формална истрага за тоа дали се потребни дополнителни дејства против Себастијан Ветел по неговиот контроверзен судир со Луис Хамилтон зад безбедносното возило на Големата Награда на Азербејџан.
Портпарол на ФИА соопшти дека доказите ќе бидат разгледани следната недела и одлуката дали ќе има дополнителни казни ќе биде донесена пред трката во Австрија.
"По неодамнешниот инцидент на Големата Награда на Азербејџан, во кој болидот со број 5 (Себастијан Ветел) беше вмешан во судир со болидот број 44 (Луис Хамилтон), во Понеделник, 3-ти Јули, ФИА дополнително ќе ги испита причините за Инцидентот со цел да се процени дали се потребни понатамошни дејства. Изјавата во врска со исходот од овој процес ќе биде достапна пред претстојното ГП на Австрија."
ОФИЦИЈАЛНО: ФИА ЌЕ РАЗГЛЕДУВА ДОПОЛНИТЕЛНА КАЗНА ЗА ВЕТЕЛ
6/28/2017 07:15:00 PM
0
Share to other apps

