Како што стојат работите по денешните тренинг сесии Мерцедес АМГ е дефинитвно најбрзиот тим на Силверстоун, а Пол позицијата и Победата се 95% во рацете на Луис Хамилтон.
На секоја трка каде ја немаме ултра-меката смеша, Ферари не може да се доближи доволно до Сребрените стрели, не дека многу заостануваат, но тие 2-3 десетинки ја прават разликата, која во некои времиња се толкуваше како огромен дефицит.
Не помага и фактот што Ферарито е нестабилно низ свиоците и имавме релативно многу извртувања на двајцата нивни возачи.
Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо, двоецот на Ред Бул, паднаа на петтата и шестата позиција на табелата. Спротивно на нив, Нико Хулкенберг напредуваше и го забележа седмото најбрзо време со болидот на Рено.
Фелипе Маса со Вилијамс беше осми, додека Фернандо Алонсо, кој има казна од пет стартни места поназад, повторно ги подгреа недежите за Мекларен со деветтото најбрзо време, пред Естебан Окон со Форс Индија.
Гледавме неинтересни петочни сесии, одржани на облачно и ветровито време. Тркачкиот викенд продолжува утре со саботниот тренинг во 11:00, а Квалификации се закажани за 14:00 часот по македонско време.
2017 БРИТАНСКО ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:28.496 30
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:28.543 + 0.047 34
3. Кими Раиконен Ферари 1:28.828 + 0.332 35
4. Себастијан Ветел Ферари 1:28.956 + 0.460 35
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:29.098 + 0.602 30
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:29.586 + 1.090 33
7. Нико Хулкенберг Рено 1:29.936 + 1.440 35
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:30.006 + 1.510 34
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:30.238 + 1.742 27
10. Естебан Окон Форс Индија 1:30.383 + 1.887 41
11. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:30.555 + 2.059 24
12. Данил Квјат Торо Росо 1:30.562 + 2.066 33
13. Серџо Перез Форс Индија 1:30.624 + 2.128 42
14. Роман Грожан Хас 1:30.661 + 2.165 31
15. Ленс Строл Вилијамс 1:30.695 + 2.199 36
16. Штофел Вандорн Мекларен 1:30.782 + 2.286 30
17. Кевин Магнусен Хас 1:30.835 + 2.339 32
18. Џолион Палмер Рено 1:30.879 + 2.383 25
19. Маркус Ериксон Заубер 1:31.616 + 3.120 26
20. Паскал Верлајн Заубер 1:31.929 + 3.433 29
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:35.424
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.274
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:31.654
2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.496
Маса VS Ферстапен (Маса е под истрага)



