Себастијан Ветел, на утринската сесија имаше можност прв да го тестира ШТИТОТ, но според неговите изјави тој не е задоволен од оваа направа, која има за цел да ја подобри безбедноста на возачите.
"Го испробав утринава, малку се зашеметив. Погледот кон напред не е многу добар... Мислам дека тоа е поради заобленоста, има многу изобличување. Плус на правците кацигата ве влече кон напред. Имавме план да извозиме повеќе круга, но не ми се допадна, па затоа го симнавме."
"Кога сме кај излегувањето од болидот, тоа не би требало да е премногу тешко за возачите да излезат брзо, непосредно по некој инцидент. Мислам дека повеќе е до навика, да се навикнеш на уредот. Веројатно, кога ќе се навикнеме, би требало да оди побрзо..."
ФИА планира да спроведе понатамошни тестови на штитот во Монца за време на Големата Награда на Италија, со цел да се оцени дали може да се воведе од 2018 година. Сепак, неколку возачи и тимски шефови веќе го покренаа прашањето околу тоа дали е потребен дополнителен уред за заштита.
Минатата година, сите тимови го тестираа ХАЛО-системот, за на крај да биде отфрлен од ФИА во корист на штитот.
Ние сме со став дека нема потреба да продолжат со тесирања и штитот да ја доживее судбината на ХАЛО.
Формула 1 болидите се ДОВОЛНО и МАКСИМАЛНО БЕЗБЕДНИ.
Германецот, по вториот тренинг беше запрашан и за шансите на Ферари за битка со Мерцедес АМГ, откако тимот од Маранело не се покажа во најдобро светло на петочните тренинзи.
"Би требало да бидеме подобри, затоа донесовме нови надградби на ПЕ, тоа секогаш е нашиот план, тоа е нашата цел. Денес е ден со помешани емоции, имавме подеми и падови во перформансите, но на Силверстоун е секогаш забавно да се вози. Ќе видиме што ќе се случи утре, временските услови се исто така непредвидливи."
За споредба Ферари SF70H со и без ШТИТ
ВЕТЕЛ НЕ ГО БЕНДИСА ШТИТОТ, ВЕДНАШ БИЛ ОТСТРАНЕТ ОД НЕГОВИОТ БОЛИД
7/14/2017 05:02:00 PM
0
Share to other apps






