Во Q1 Луис Хамилтон го имаше најбрзото време пред Кими Раиконен, поставени на ултра-меките гуми, додека Ветел на супер-меките беше безбеден на третата позиција пред Карлос Саинц ЈР., Ботас (исто така со супер-меки) и возачите на Ред Бул, Макс Верстапен пред Даниел Рикиардо. Одличнит круг на Саинц дојде при крајот на сесијата и му беше многу потребен, бидејќи се наоѓаше во зоната за испаѓање. Меѓутоа, возачите на Вилијамс ја немаа таа среќа.
Како што се ближеше крајот на Q1, Фелипе Маса и неговиот тимски колега Ленс Строл се најдоа на 17-то и 18-то место, но никако не успеваа да го најдат вистинското темпо за продолжување на нивните квалификации. На изненадување на сите тие испаднаа, во друштво на Џолион Палмер од Рено и возачите на Заубер, Маркус Ериксон и Паскал Верејн.
При втората сесија, Валтери Ботас ја презеде иницијативата и со помош на ултра-меките гуми, лесно стигна до најдобро време, скоро половина секунда побрзо од Себастијан Ветел, додека Луис Хамилтон, овој пат беше оној кој се одлучи за супер-меките гуми на Пирели, што значи дека утрешната трка ќе ја започне на оваа смеша, со што ќе се надева на Победничкиот Подиум.
Ферстапен беше четврти, пред Раиконен и Рикиардо. Грожан беше седми за Хас пред Перез, Саинц и Окон.
Во оваа фаза беа елиминирани беа Нико Хулкенберг на 11-тата позиција, по што следеа возачите на Мекларен, Фернандо Алонсо и Штофел Вандорн, Даниел Квјат и Магнусен, кој по оштетувањето на својот болид во Q1, не успеа да излезе на патеката и забележи време.
По првите брзи круга во Q3, Ботас имаше тесна предност во однос на Ветел, што се покажа како клучна за Пол позицијата. Имено, додека возачите ги загреваа своите гуми или веќе ги имаа започнато своите последни брзи кругови, болидот на Хас застана на патеката во најнезгоден момент, што значеше дека нема да има подобрувања на табелата.
Одредени шанси имаше Луис Хамилтон, кој излезе прв на патеката, но направи грешка и мораше да го напушти брзиот круг. Така, Британецот остана на третата позиција, што значи дека утре трката ќе ја стартува од осмата позиција на гридот. Кими Раиконен беше принуден да се задоволи со четвртата позиција, со половина секунда заостанување зад својот тимски колега.
Рикиардо конечно го победи својот тимски колега, Макс Верстапен, за прв пат по Големата Награда на Русија. Младиот Холанѓанец направи грешка при својот последен круг и заврши во чакалот покрај патеката. Грожан се квалификуваше на седмата позиција, пред Серџо Перез и Естебан Окон, во болидите на Форс Индија, а Карлос Саинц ЈР. го заокружи Топ 10 пласманот.
Трката за Големата Награда на Австрија започнува утре во стандардниот термин за Европа - 14:00 часот.
2017 АВСТРИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:04.251
2. Себастијан Ветел Ферари 1:04.293 + 0.042
3. Луис Хамилтон * Мерцедес АМГ 1:04.424 + 0.173
4. Кими Раиконен Ферари 1:04.779 + 0.528
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:04.896 + 0.645
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:04.983 + 0.732
7. Роман Грожан Хас 1:05.480 + 1.229
8. Серџо Перез Форс Индија 1:05.605 + 1.354
9. Естебан Окон Форс Индија 1:05.674 + 1.423
10. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:05.726 + 1.475
* 5 стартни места поназад
Q2 Најбрзо време: Валтери Ботас 1:04.316
11. Нико Хулкенберг Рено 1:05.597 + 1.281
12. Фернандо Алонсо Мекларен 1:05.602 + 1.286
13. Штофел Вандорн Мекларен 1:05.741 + 1.425
14. Данил Квјат Торо Росо 1:05.884 + 1.568
15. Кевин Магнусен Хас без пост. време
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:05.064
16. Џолион Палмер Рено 1:06.345 + 1.281
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:06.534 + 1.470
18. Ленс Строл Вилијамс 1:06.608 + 1.544
19. Маркус Ериксон Заубер 1:06.857 + 1.793
20. Паскал Верлајн Заубер 1:07.011 + 1.947
107% време: 1:09.618
Последните моменти од квалификациите...






