По контроверзниот инцидент помеѓу Ветел и Хамилтон зад безбедносното возило во Азербејџан и прашањата што беа покренати за тоа дали 10-секундната пит-стоп казна е доволно строга за Германецот, Управното тело на ФИА за мото-трки денес ќе заседава "за да оцени дали се потребни понатамошни дејства."
Деталите за процесот и кои луѓе ќе бидат вклучени во истрагата не се објавени, но одредени извори укажуваат на тоа дека Ветел е поканет на приватен состанок со претседателот на ФИА, Жан Тод, за да разговара за ова прашање. Што и да се случува денес во седиштето на ФИА во Париз, на јавноста е ветена изјава пред трка во Австрија.
Ако ФИА заклучи дека е потребно понатамошно дејствување, тогаш казната нема да биде изречена во следните неколку дена. Во тој случај предметот на Ветел ќе биде насочен кон Меѓународниот трибунал на ФИА, каде ќе бидат поднесени обвиненија, за потоа судиска комисија која ќе биде составена од најмалку три члена ќе го води сослушувањето. Процесот, исто така, нема да биде брз, па секое сослушување најрано би било закажано по Британското Гран При, а може да се влече и цело лето.
Откако и формално ќе се подигнат обвиненија, тогаш на испитаникот ќе му се даде рок од најмалку 15 дена да го поднесе својот одговор, при што обвинителството потоа си дава дополнителни 15 дена за да одговори ако е потребно. Помеѓу одговорот на испитаникот и судиската комисија треба да има период од најмалку 15 дена, иако во пракса, сето ова би можело за се забрза ако е потребно.
Меѓународниот трибунал има прилично голем избор во однос на казната што би се изрекла ако се утврди дека обвинетиот е виновен. Една интересна точка која би можела да биде релевантна во случајот на Ветел е што може да се користат минати случаи, а постапувањето "намерно" од страна на Ветел не мора да се докажува. Себастијан Ветел, минатата сезона, се спаси од сослушување пред овој Трибуналот, откако се извини за радио пораките кон директорот на трката, Чарли Ваитинг, по Мексиканското ГП.
Статутите велат:
"Со оглед на принципот на пропорционалност, Меѓународниот Трибунал ќе ги земе во предвид тежината на фактите, степенот на виновност, минатото однесување и карактерот на лицето со цел да се утврди природата и тежината на санкциите."
"Освен ако не е поинаку наведено, кривични дела или прекршоци се казниви, без разлика дали биле извршени намерно или небрежно."
Откако ќе биде завршено сослушувањето, одлуката на судот ќе биде донесена со просто мнозинство од членовите на комисијата за судење. Ако има пата-пата ситуација, одлучува гласот на претседателот на сослушувањето.
Исходот на Меѓународниот Трубунал може да биде предмет на жалба, па ако Ветел чувствува дека изречената санкција е неправедна, тој може тогаш да се жали до Меѓународниот Апелационен Суд, па процесот би можел да потрае уште неколку недели.
UPDATE: ОДЛУКАTA НА ФИА
По детална дискусија и понатамошно испитување на видео доказите и податоците поврзани со инцидентот, Себастијан Ветел ја призна целосната одговорност и искрено се извини на ФИА и пошироката мотоспорт јавност.
Тој дополнително се обврза, во текот на следните 12 месеци, да посвети од своето лично време на едукативни активности низ различните шампионати и настани на ФИА.
Поради овој инцидент, претседателот Жан Тод наложил дека до крајот на оваа година тој не треба да учествува во кампањата на ФИА за безбедност на патиштата.
ФИА ја цени неговата заложба, личното извинување и неговото ветување за јавно извинување.
Во светло на овие настани, претседателот на ФИА, Жан Тод, одлучи дека во оваа прилика предметот треба да се затвори.
ОБЈАСНЕТО: ПОСТАПКАТА ОКОЛУ ДОПОЛНИТЕЛНАТА КАЗНА ЗА ВЕТЕЛ
7/03/2017 01:12:00 PM
0
Share to other apps

