Нико Розберг, актуелниот Шампион во Формула 1, говорејќи на сцената на денешниот Ф1 настан пренесуван во живо од Трафалгар сквер во Лондон, откри дека неодамна го загубил Шампионскиот пехар, на кој се изгравирани имињата на сите претходни шампиони. Тоа се случило непосредно пред Гудвуд фестивалот на брзина.
"Тој е многу посебен за мене и многу се исплашив кога неодамна го испратив до Гудвуд, со големо обезбедување, но тој се изгуби. Беше изчезнат пет дена. Пехарот ми значи многу! Имав неколку денови на исчекување и непроспиени ноќи, но сега се е во ред. Тој беше изгубен, се изгубил во поштата! Но, сега е добро, па јас сум многу среќен."
"Тоа е единствена непријатна случка по моето пензионирање, во кое многу уживам. Деновите ми се исполнети со настани од само неколку дена по освојувањето на шампионската титула. Покрај промотивните настапи, јас работам и на мојата листа на желби, па така во петок ќе одам на Вимблдон, а потоа во недела на Британското ГП, непосредно пред да се упатам кон Силиконската долина во Калифорнија за инспиративно патување".
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.
