На стартот двата болиди на Ферари без проблем ги задржаа водечки места по првиот свиок, пред Мерцедесот на Валтери Ботас, додека неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, се најде под притисок на болидите на Ред Бул.
Макс Ферстапен го претекна Британецот додека излегуваа од првиот свиок, а истото му успеа и на Даниел Рикиардо.
Додека болидите се движеа кон вториот свиок, Австралијанецот се реши да го нападне тимскиот колега од надворешната страна, Ферстапен се движеше по внатрешната линија, обидувајќи се да ја задржи позицијата со покасно притискање на сопирачките. Тоа предизвика блокирање на предните тркала, по што тој ја изгуби контролата и заврши во болидот на Рикиардо.
Австралијанецот се обиде да се врати на патеката, но, неговиот болид беше премногу оштетен и тоа за него беше крај на трката. Следуваше период на безбедносно возило, за расчистување на остатоците и болидот на Ред Бул.
По рестартот на трката немаше промени на позициите, Ветел го задржа водството пред Раиконен и Ботас.
Во меѓувреме стјуардите го разгледуваа инцидентот на Ферстапен и Рикиардо, по што Холанѓанецот со експресна одлука беше прогласен за виновен и беше доби казна од 10 секунди.
Во овие почетни круга од трката, Ветел започна да се издвојува на првото место и по 15-от круг имаше 3 секунди пред Раиконен и дополнителни шест секунди предност пред третопасираниот Валтери Ботас.
Следуваше период на стабилизација на разликите, на патеката немаше шанси за претекнување и се чекаше кој ќе го повлече првиот стратегиски потег.
Таа ситуација се смени на 26 -от круг, кога Ветел по тимското радио се пожали дека неговиот волан неприродно "стрчи налево". Кими Раиконен го намали својот дефицит на само 1.3 секунди од неговиот тимски колега, во моментите кога се отвори прозорецот за пит-стоп влегувања.
Прв за промена на гумите се реши Валтери Ботас, на крајот од 30-от круг, а на патеката се врати на петтото место. По еден круг во боксот влезе и Хамилтон, потег кој круг подоцна беше проследен од Ветел.
Кими Раиконен беше следниот и за малку не успеа да го помине својот тимски колега низ боксевите. Финецот повторно се врати на второто место и преку тимското-радио се пожали дека чувствувал дека има темпо да остане надвор и да добие време што би можело да го стави пред Германцот по неговото запирање.
Ситуацијата почна да комплицира за тимот на Ферари, кога трката се приближуваше до 40-от круг, при што Раиконен го оспори темпото на Ветел и предупреди дека Ботас се приближува. Му беше кажано дека неговиот тимски колега има проблеми со управувањето на својот болид.
На лидерот во шампионатот, му беше кажано да ги избегнува рабниците.
Во 44-от круг, Ботас беше 1.8 секунди зад Раиконен, додека Хамилтон, беше само 1.1 секунди зад неговиот тимски колега. Напред, болидите на Ферари одржуваа меѓусебна разлика од 1.5 секунда.
Да споменеме дека Хамилтон имаше проблеми со тимското радио, иако ги слушаше од советите од тимот, тој не можеше да одговори назад се до 41-от круг.
Британецот побара од тимот да биде пропуштен од страна на својот тимски колега, за да се обиде да го престигне Раиконен, нешто што не му успеваше на Ботас. Финецот се согласи да го пропушти Британецот на крајот од 46 круг. На Ботас му беше кажано дека ако неговиот тимски колега не може да го помине Ферарито, Хамилтон ќе му го врати третото место.
Хамилтон веќе во 51-от круг беше во ДРС опсегот на другиот Финец на патеката. Британецот имаше пет круга да направи потег, кои беа дополнети со уште пет, но, на крајот се утврди дека е невозможно да се претекне Раиконен, ако тој не направи посериозна грешка.
Себастијан Ветел ја забележа својата четврта победа оваа сезона, пред својот тимски колега Кими Раиконен за зголемување на предноста во генералниот пласман на возачи на 14 поени во однос на Луис Хамилтон. Британецот на последниот свиок го врати третото место на Валтери Ботас.
Ферстапен по казната од 10 секунди мораше да се задоволи со 5-тото место, пред Фернандо Алонсо кој го освои одличното шесто место за Мекларен. Следуваше Карлос Саинц ЈР. со солидното седмо место за Торо Росо, пред Серџо Перез и Естебан Окон во болидите на Форс Индија. Последниот поен му припадна на Штофел Вандорн во вториот Мекларен.
Голема Награда на Унгарија, Хунгароринг
70 круга, 306.630км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ферари 1ч39:46.715
2. Кими Раиконен Ферари + 0.908
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 12.462
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 12.885
5. Макс Ферстапен Ред Бул + 13.276
6. Фернандо Алонсо Мекларен + 1:11.223
7. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
8. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
9. Естебан Окон Форс Индија + 1 круг
10. Штофел Вандорн Мекларен + 1 круг
11. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
12. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
13. Џолион Палмер Рено + 1 круг
14. Ленс Строл Вилијамс + 1 круг
15. Паскал Верлајн Заубер + 2 круга
16. Маркус Ериксон Заубер + 2 круга
17. Нико Хулкенберг Рено + 3 круга
2000 М.Хакинен - Мекларен - 1ч45:33.869
2001 М.Шумахер - Ферари - 1ч41:49.675
2002 Р.Баричело - Ферари - 1ч41:49.001
2003 Ф.Алонсо - Рено - 1ч39:01.460
2004 М.Шумахер - Ферари - 1ч35:26.131
2005 К.Раиконен - Мекларен - 1ч37:25.552
2006 Џ.Батон - Хонда - 1ч52:20.941
2007 Л.Хамилтон - Мекларен - 1ч35:52.991
2008 Х.Ковалаинен - Мекларен - 1ч37:27.067
2009 Л.Хамилтон - Мекларен - 1ч38:23.876
2010 М.Вебер - Ред Бул - 1ч41:05.571
2011 Џ.Батон - Мекларен - 1ч46:42.337
2012 Л.Хамилтон - Мекларен - 1ч41:05.503
2013 Л.Хамилтон - Мерцедес - 1ч42:29.445
2014 Д.Рикирадо - Ред Бул - 1ч53:05.058
2015 С.Ветел - Ферари - 1ч46:09.985
2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:30.115
2017 С.Ветел - Ферари - 1ч39:46.713
Најбрз Круг: Фернандо Алонсо - 1:20.182
Без пласман:
Пол ди Реста Вилијамс
Роман Грожан Хас
Даниел Рикиардо Ред Бул
Генерален пласман по 11 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Себастијан Ветел 202 Мерцедес АМГ 357
2. Луис Хамилтон 188 Ферари 318
3. Валтери Ботас 169 Ред Бул 184
4. Даниел Рикиардо 117 Форс Индија 101
5. Кими Раиконен 116 Вилијамс 41
6. Макс Ферстапен 67 Торо Росо 39
7. Серџо Перез 56 Хас 29
8. Естебан Окон 45 Рено 26
9. Карлос Саинц ЈР. 35 Мекларен 11
10. Нико Хулкенберг 26 Заубер 5
11. Фелипе Маса 23
12. Ленс Строл 18
13. Роман Грожан 18
14. Кевин Магнусен 11
15. Фернандо Алонсо 10
16. Паскал Верлајн 5
17. Данил Квјат 4
18. Штофел Вандорн 1
Ветел радосен за Победата...


