Моделот Г5 беше Советски Формула 1 болид од Москович, презентиран во 1968 година. Болидот е поврзуван со раните обиди на СССР за дизајнирање и конструкција на Ф1 болид за меѓународниот Шампионат на Формула 1. Москвич Г5 бил искористен само во Советското издание на Формула 1. Г5 е наследник на Москвич Г4 и е првиот Руски автомобил со диск-сопирачки на сите тркала.
Болидот дебитираше во трките на Советската Формула 1 во септември 1968 година. Како погонска единица имал надграден 4 цилиндричен мотор од 1478 кубика од Москвич 412 и првично имал моќност од 92КС(70 kW). Иако надградуван во повеќе наврати овој мотор стигнува до максималните 124КС. Москвич со последната ознака Г5М беше развиван до 1976 година.
На крај програмата, без вистински Ф1 мотор, пропаѓа и два произведени болиди се дадени на фабричкиот музеј на Москвич.
Русите програмата за развој на вистински и моќен мотор за Ф1 болид ја започнале во 1963 година, предводена од Игор Гладилин и Лев Шугуров. Како резултат на тоа бил произведен ГД-1, осум-цилиндричен 1500cc DOHC мотор кој требало да даде 200КС и 10.500 вртежи во минута. Фабриката "Москвич" немала соодветен динамометар за мотори со висок вртежен момент, но веќе за време на првите тестови, моторот произведувал 162КС при 6000 вртежи во минута.
Моторот бил опремен со четири двојни Weber 280DKB карбуратори и вкупната тежина од 148 кг. Во 1965 година е направена шасија од фиберглас дизајнирана со помош на воздушен тунел. На крај, финансирањето од владата е прекинато, а самата фабрика не можела да си дозволи ваква скапа програма, па затоа била напуштена во 1967 година.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.

