По трката во Спа-Франкоршамп, Ф1 тимовите се веќе на патеката Монца, подготвувајќи се за Италијанското Гран При. Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година и е една од двете тековни патеки, другата е Силвестоун, кои што биле домаќини и во инаугуративната сезона на Ф1 шампионатот во 1950 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека Максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона. Добрата максимална брзина е многу важна за да се постигне добар резултат.
Монца е домашна трка за Пирели, која се наоѓа само половина час возење од матичните канцеларии на компанијата во Милано. Италијанците за оваа трка ги номинираа супер-меките, меките и медиум смеши. Со само шест зони на сопирање, патеката е релативно нежна кон нивните гуми.
Големата Награда на Италија која ќе се одржи во недела, ќе биде 68-ма по ред. Ферари тука се наоѓаат на домашен терен, на кој имаат 18 Победи, 19 Пол позиции и 65 подиуми. Сепак, како и на СПА, повторно очекуваме силен настап на болидите на Сребрените стрели, како и останатите кои користат Мерцедес ПЕ, која својата моќност убедливо ја демонстрира на ваквите брзи патеки.
На Монца брзината е важна, но од друга страна подесувањето на болидот треба да се изведе на вистинскиот начин за да се справи со предизвикот на високите рабници и да се добие добра влечна сила од неколкуте свиоци. И покрај малиот број на свиоци во Монца, потребна е висока издржливост на сопирачките, бидејќи секое притискање на сопирачките се изведува при високи брзини. Помалиот број на свиоци значи дека полнењето на ЕРС-системот може да биде проблематично.
Себастијан Ветел доаѓа во Италија на врвот на табелата на генералниот пласман кај возачите, позиција која треба да ја вжешти атмосферата на и околу патеката. Тифозите најавуваат дека ќе дојдат во голем број со надеж дека ќе победи нивниот омилен тим, кој слави 70 години од своето постоење и за таа цел ќе настапи со нов изглед.
На Големата Награда на Белгија, Ферари се справи со проблемите што ги имаше на сличните високо-брзински патеки, особено на Силверстоун, за да ги освои второто и четвртото место. Сепак, Мерцедес АМГ, е тимот кој ја забележа Победата на СПА-Франкоршамп, со Луис Хамилтон кој ја намали предноста на Ветел на седум поени. Да се надеваме дека Ферари ќе пружи достоен отпор и на Монца, за трката да биде возбудлива битка токму на границата на она што супер-брзите 2017 болиди се способни да го пружат.
ХРАМОТ НА БРЗИНАТА ЈА НАЈАВУВА БИТКАТА НА СЕЗОНАТА
8/31/2017 05:24:00 PM
0
Share to other apps









