Чејс Кери, новиот извршен директор на Формула 1, вели дека сака да види погласни, поевтини и подобри мотори во иднината на нашиот омилен мотоспорт. Тој рече дека новата насока за погонските единици, заедно со намалувањето на трошоците и ребалансираната дистрибуција на приходите, ќе ги подобри трките во иднина.
Според Кери, сегашните ПЕ создаваат голем диспаритет помеѓу производителите, и иако го пофали Мерцедес за исклучителниот развој, верува дека тоа е лошо за овој спорт.
"Им симнувам капа на Мерцедес, производител кој беспрекорно владее со она што го имаме сега", изјави Кери за АутоБилд. "Но, разликата во перформансите е премногу голема. Затоа сакаме да ги поедноставиме работите со мотото: погласно, поевтино, подобро."
"Имаме тимови кои трошат 500 милиони долари годишно, додека други со големи напори собираат буџет од само 100 милиони долари. Тоа ја попречува и искривува конкуренцијата. Целта мора да биде тимовите да можат да заработуваат со овој спорт. Денес, нити еден тим не остварува профит."
"Не ме сфаќајте погрешно, не сакаме да ја забавиме технологијата. Формула 1 ќе остане лабораторија за производителите, но, во исто време и спорт."
ИДНИНАТА НА Ф1 Е ВО ПОГЛАСНИ, ПОЕФТИНИ И ПОДОБРИ ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ
8/09/2017 02:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps

