Многумина во Ф1 падокот и пошироко се огласија против ХАЛО-системот, во кои спаѓаме и ние, МкФормула1, пред се поради тоа што овој систем ја менува ДНК-та на болидите.
Но, од друга страна ФИА не сака ни да помисли да го укине, туку на вчерашниот ден беше промовиран нов потанок ХАЛО. Тој беше монтиран на болидот на Мерцедес АМГ, чија централна поддршка, делот веднаш пред очите на возачот, беше значително потенок.
ПРОТИВ: "Се разбира, не можете да го отфрлите безбедносниот аргумент", вели Нико Хулкенберг во својата нова статија за германскиот радиодифузен сервис Спорт1. "Но, дали Формула 1 треба да биде побезбедена отколку што е? Не треба ли трките да бидат малку опасни? Дали тоа не е дел од атрактивноста и она што ги привлекува возачите и фановите?"
ЗА: Лорен Мекси, Техничкиот шеф на ФИА, потврди: "Во моментов, централната поддршка е дебела 2 сантиметри, но веруваме дека има простор за подобрување на видливоста на возачите. Ќе извршиме тестови и ќе ја намалиме дебелината на 16 милиметри. Ќе го тестираме ситемот до неговите граници."
Џорџ Расел кој го возеше болидот на Мерцедес АМГ, за новиот подобрен ХАЛО, кусо изјави: "Изненадувачки, видливоста воопшто не беше ограничена од ХАЛО."
ФИА УПОРНА ПРЕЗЕНТИРАН ПОТЕНОК ХАЛО
8/03/2017 06:51:00 PM
0
Share to other apps
