Петар Сиџарто, Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, кој беше присутен на Хунгароринг, потврди дека е постигнат договор за реновирање на патеката која има договор за да биде домаќин на Ф1 трки до 2026 година. Многу од објектите во голема мера се непроменети од 1986 година, кога за прв пат Хунгароринг беше домаќин на Ф1 трка.
Во првата фаза од обновата ќе бидат реконструирани главните трибини и јавните површини, со план да се создаде модерна во облик на стадион секција околу финалниот свиок и по должината на стартно-целната рамнина. Со работа ќе се започне кон крајот на 2018 година. Втората фаза ќе опфаќа изградба на нови простории за контрола на трката и реконструкција на боксевите во 2020 година.
"Сега имаме план", изјави за Аутоспорт претседателот и извршен директор на Хунгароринг, Золт Џулај. "Владата одлучи, а министерот рече дека работата е 100% сигурна. Сакавме да започнеме со работа од јануари, но што е тука е."
"На крајот од август ќе започнеме со изработка на архитектонски дизајни, за да можеме да започнеме со обнова на крајот од 2018 до 2019 година. Првиот чекор е надворешноста, трибините, за потоа да преминеме на боксевите и останатата внатрешна инфраструктура, во 2020 година."
"Сè ќе биде ново. Ќе имаме повеќе места, како модерен стадион. Мислам дека г-дин Кери е апсолутен џентлмен. Имаме долг договор и мислам дека е полесно да се работи со нив. Се разбира, мора да му се заблагодариме на Берни што го овозможи сето ова, но, со новите сопственици можеме да работиме полесно."
ХУНГАРОРИНГ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ИЗГЛЕД
8/06/2017 01:22:00 PM
0
Share to other apps

