Лидерот во шампионатот Луис Хамилтон беше трет, со заостанување од седум десетинки, додека неговиот ривал за титулата, Себастијан Ветел, не успеа да комплетира репрезентативен брз круг со болидот на Ферари.
Германецот го имаше најбрзиот прв сектор при своето прво излегување со ултра-меките гуми, но тој се повлече од тој круг кога беше забавен од болидот на Заубер, но и вториот сектор не му беше баш сјаен.
При вториот обид, тој го загуби задниот крај на болидот при 10-от свиок и удри во бариерите покрај патеката, по што следуваше воведување на виртуелното безбедносно возило. На крај се концентрираше на долги стинтови, т.е. подготовка за неделната трка.
Валтери Ботас го имаше четвртото најбрзо време, пред Нико Хулкенберг, кој повторно имаше добар настап за Рено. Следуваат болидите на Мекларен, со Штофел Вандорн пред Фернандо Алонсо.
Уште еднаш Роман Грожан беше во војна со неговиот болид, обидувајќи се да го задржи на патеката, жалејќи се на лошите перформанси на предните гуми. Сличен ден за неговиот тимски колега, Кевин Магнусен, Џолион Палмер од Рено, Карлос Саинц ЈР. со Торо Росо.
Тркачкото темпо на Ред Бул, исто така, изгледаше најдобро, со Мерцедес АМГ малку зад нив. Најголемо разочарување за фановите на Ферари, кои имаа прилично катастофален петок на патеката на која се сметаат за фаворити за Победата. Дали Италијанците ги сокрија своите вистински перформанси ќе дознаеме уште утре на Квалификациите, кои започнуваат во 15:00 часот по македонско време.
2017 СИНГАПУР ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:40.852 33
2. Maкс Ферстапен Ред Бул 1:41.408 + 0.556 28
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:41.555 + 0.703 36
4. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:42.104 + 1.252 35
5. Нико Хулкенберг Рено 1:42.448 + 1.596 33
6. Штофел Вандорн Мекларен 1:42.501 + 1.649 34
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:42.788 + 1.936 32
8. Серџо Перез Форс Индија 1:42.826 + 1.974 33
9. Кими Раиконен Ферари 1:42.835 + 1.983 35
10. Естебан Окон Форс Индија 1:43.054 + 2.202 30
11. Себастијан Ветел Ферари 1:43.104 + 2.252 34
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:43.236 + 2.384 33
13. Данил Квјат Торо Росо 1:43.608 + 2.756 38
14. Џолион Палмер Рено 1:43.795 + 2.943 32
15. Фелипе Маса Вилијамс 1:43.836 + 2.984 32
16. Ленс Строл Вилијамс 1:44.301 + 3.449 32
17. Кевин Магнусен Хас 1:44.417 + 3.565 32
18. Роман Грожан Хас 1:44.928 + 4.076 29
19. Паскал Верлајн Заубер 1:45.673 + 4.821 34
20. Маркус Ериксон Заубер 1:45.721 + 4.869 35
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:47.490
2015 Д.Квјат - Ред Бул - 1:46.142
2016 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1:44.152
2017 Д.Рикиардо - Ред Бул - 1:40.852



