Германецот, потоа при второто излегување преживеа близок конктакт со бариерите, но повторно успеа да го подобри своето време за да ја украде Пол позицијата со 0.323 делови од секундата пред Макс ферстапен.
Макс Верстапен го диктираше темпото во првите две сесии, но откако го забележа второто најбрзо време по првиот брз круг во третата сесија, тој не можеше да го подобри својот пласман.
Даниел Рикиардо беше трет со вториот болид на Ред Бул, со 0.227 делови од секундата пред Кими Раиконен на четвртото место. Финецот имаше импресивна брзина во првиот сектор при својот последен брз круг, но, не успеа да ја пренесе во вториот и третиот сектор.
Луис Хамилтон и Валтери Ботас се квалификуваа во третиот ред, а разликата помеѓу двајцата тимски колеги од Мерцедес АМГ изнесуваше скоро седум десетинки од секундата.
Нико Хулкенберг беше најдобар од аутсајдерите на седмата позиција за Рено, веднаш пред Фернандо Алонсо од Мекларен. Вториот Мекларен на Штофел Вандорн беше деветти, многу понапред од 10-то пласираниот Карлос Саинц ЈР. со болидот на Торо Росо.
Денешните квалификации се добра најава за интересна трка за Големата Награда на Сингапур, која започнува утре, Недела, во 14:00 часот.
2017 СИНГАПУР ГРАН ПРИ - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ферари 1:39.491
2. Макс Ферстапен Ред Бул 1:39.814 + 0.323
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:39.840 + 0.349
4. Кими Раиконен Ферари 1:40.069 + 0.578
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:40.126 + 0.635
6. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:40.810 + 1.319
7. Нико Хулкенберг Рено 1:41.015 + 1.522
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:41.179 + 1.688
9. Штофел Вандорн Мекларен 1:41.398 + 1.907
10. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:42.056 + 2.565
Q2 Најбрзо време: Макс Ферстапен 1:40.332
11. Џолион Палмер Рено 1:42.107 + 1.720
12. Серџо Перез Форс Индија 1:42.246 + 1.971
13. Данил Квјат Торо Росо 1:42.338 + 2.124
14. Естебан Окон Форс Индија 1:42.760 + 2.573
15. Роман Грожан Хас 1:43.883 + 2.703
Q1 Најбрзо време: Макс Ферстапен 1:42.010
16. Кевин Магнусен Рено 1:43.756 + 1.746
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:44.014 + 2.004
18. Ленс Строл Вилијамс 1:44.728 + 2.718
19. Паскал Верлајн Заубер 1:45.059 + 3.049
20. Маркус Ериксон Заубер 1:45.570 + 3.560
107% време: 1:49.15
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:45.681
2015 Себастијан Ветел - Ферари - 1:43.885
2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:42.584
2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:39.491
Кругот за Пол позиција...


