За Големата Награда на Мексико, Луис Хамилтон заврши на 9-то место, но тоа беше доволно за да освои Шампионската Титула по четврти пат, по 4-тото место на Себастијан Ветел.
Луис Хамилтон: "Благодарност до сите фанови што ги исполнија трибините на оваа патека, се надевам дека уживаа во трката! Страстни фанови има и во други земји, но мексиканската публика создава неверојатна атмосфера! Денес направив се што е во моја моќ. Јас дури и не знам што се случи на стартот, во третиот свиок, бидејќи оставив многу простор за Себастијан... Но, тогаш... Потоа само се обидував да надоместам што повеќе од моето заостанување."
"Сакам да му се заблагодарам на моето семејство и на мојот тим Мерцедес, кој постигна неверојатен напредок во последните пет години. Горд сум што сум член на овој тим! Да бидам искрен, сè уште не верувам дека ја освоив четвртата титула, бидејќи трката не ја завршив како што посакував. Но, јас не се откажав во нити еден момент од оваа сезона, што беше многу важно, и продолжив да се борам до крајот."
"Како дете, јас секогаш сонував да бидам во Формула 1. Никогаш не скршнав од тој сон, дури и кога луѓето велеа дека тоа е невозможно. Сега стојам тука со четири Шампионски Титули и сум доказ дека ако ги следите вашите соништа, тие можат да се остварат. Јас сум им многу благодарен на сите 1.500 луѓе во мојот тим, кои сите имаат сон да го направат најдобриот Ф1 болид и неуморно го прават тој сон реалност. Мои фанови, јас не би бил тука без вас. Ме бодревте во неволји и се радувавме заедно во моменти како што се овие. Вистински, Ви благодарам. Јас сум уште повозбуден поради тоа што носи нашата иднина."
ЛУИС ХАМИЛТОН 2017 Ф1 ШАМПИОН
10/29/2017 11:48:00 PM
0
Share to other apps




