Во вторникот, во Париз се сретнаа претставници на ФИА, Либерти Медија (имателот на комерцијалните права на Ф1 Шампионатот), како и претставници на сегашните и потенцијални производители на погонски единици за да разговараат за идните прописи кои би важеле од 2021 година.
Во согласност со целите наведени од страна на ФИА за развојот на овие регулативи, кои вклучуваат намалување на трошоците, одржување на хибридната технологија во тесна врска со обичните автомобили, подобрување на звукот на Ф1 болидите и разгледување на приговорите од страна на Ф1 фановите, ФИА и Формула 1 им ги претставија на производителите основните начела и клучни карактеристики на идните погонски единици.
Предлозите споделени денес се развиени заеднички од страна на ФИА и Ф1, користејќи податоци од тимовите, производителите на ПЕ и надворешни експерти, а целокупната рамка за дефиницијата на 2021 ПЕ ќе биде поставена и објавена од страна на ФИА на крајот од оваа година.
Визијата за клучните карактеристики на новите ПЕ, т.е иднината на Ф1 болидите се:
- 1.6 литарски, V6 турбо хибридни мотори;
- зголемени број од 3000 вртежи на моторот во минута за подобрување на звукот;
- Прецизни параметри за внатрешниот дизајн на ПЕ за ограничување на трошоците за развој;
- Отстранување на единицата за собирање на кинетичката енергија од турбо полначот; (Најзафркнатиот дел од сегашните ПЕ)
- Помоќна единица за собирање на кинетичката енергија од сопирачките со фокус на рачно распоредување од страна на возачот,
заедно со опцијата за заштеда на енергијата во текот на неколку круга за да му даде тактички елемент на возачот за време на трките; (враќање на КЕРС-от)
- Единствен турбо полнач со димензионални и ограничувања на тежината;
- Стандардни акумулатори за складирање на енергијата и контролна електроника;
- Дизајн на моторот/шасијата/менувачот за нивно што полесно заменување.;
- Ќе се испитува можноста за построги регулативи за гориво и ограничувања на видовите на горива.
Во блиска иднина следуваат низа состаноци со сите заинтересирани страни за да се дискутира и да се развиваат овие предлози во духот на најширок можен консензус.
ИДНИНАТА НА ФОРМУЛА 1 БОЛИДИТЕ НАЧЕЛНО ДОГОВОРЕНА
11/02/2017 11:02:00 AM
0
Tags
Share to other apps



