На стартот од трката Луис Хамилтон го загуби водството по првиот свиок од својот ривал за титулата, но, возврати по неколку комплетирани круга со претекнување на Себастијан Ветел, за својата деветта победа оваа сезона и петтата во шест обиди на патеката на Америките.
На крај Германецот заврши на второто место со 10,1 секунди задоцнување, па сега има негатива од 66 поени, со само 75 преостанати. Макс Ферстапен имаше извонредна трка, претекнувајќи го Кими Раиконен за третото место во последните свиоци до целната линија.
Сепак, Холанѓанецот доби казна од пет секунди за напуштање на патеката, при тоа добивајќи предност при претекнувањето, што го деградираше на четвртото место. Кими Раиконен, се врати на третото место.
Валтери Ботас заврши петти, па со помош и на неговите поени Мерцедес АМГ ја освои четвртата последователна шампионска титула во конструктори со уште три трки до крајот на 2017 сезоната.
Естебан Окон го издржа притисокот од Карлос Саинц ЈР. за шестото место, додека Шпанецот ги забележа првите поени за својот нов тим, веќе во својата прва трка за Рено.
Серџо Перез, кој беше фрустриран од својот тимски колега од Форс Индија, но и стриктните тимски наредби, заврши на осмото место. Фелипе Маса беше на 9-тото место пред Данил Квјат кој го комплетираше пласманот на возачи кои на оваа трка освојуваат поени.
Даниел Рикиардо, имаше лош ден со болидот на Ред Бул, па мораше да ја заврши трката поради проблеми со Рено ПЕ. Брендон Хартли заврши на 13-тото место на неговото деби во Ф1 за тимот на Торо Росо, 26 секунди зад тимскиот колега, Данил Квјат.
Нико Хулкенберг не ја заврши трката поарди проблеми со пумпата за гориво, додека Фернандо Алонсо ја заврши трката со познатата изрека, ја изгубив моќта од ПЕ. Паскал Верлајн, исто така, не успеа да ја заврши трката по контактот со Кевин Магнусен на стартот.
Голема Награда на САД, Остин, Тексас
56 круга, 304.356км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч33:50.991
2. Себастијан Ветел Ферари + 10.415
3. Макс Ферстапен* Ред Бул + 11.768
4. Кими Раиконен Ферари + 15.779
5. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 34.967
6. Естебан Окон Форс Индија + 1:30.980
7. Карлос Саинц ЈР. Рено + 1:32.944
8. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
9. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
10. Данил Квјат Торо Росо + 1 круг
11. Ленс Строл Вилијамс + 1 круг
12. Штофел Вандорн Мекларен + 1 круг
13. Брендон Хартли Торо Росо + 1 круг
14. Роман Грожан Хас + 1 круг
15. Маркус Ериксон* Заубер + 1 круг
16. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
* казна 5 секунди, Макс без подиум
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:04.785
2015 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч50:52.703
2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:12.618
2017 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:50.991
Најбрз Круг: Себастијан Ветел - 1:37.957
БЕЗ ПЛАСМАН:
Фернандо Алонсо Мекларен
Даниел Рикиардо Ред Бул
Паскал Верлајн Заубер
Нико Хулкенберг Рено
Генерален пласман по 17 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 331 Мерцедес АМГ 575
2. Себастијан Ветел 265 Ферари 428
3. Валтери Ботас 244 Ред Бул 315
4. Даниел Рикиардо 192 Форс Индија 159
5. Кими Раиконен 163 Вилијамс 68
6. Макс Ферстапен 123 Торо Росо 53
7. Серџо Перез 86 Рено 48
8. Естебан Окон 73 Хас 43
9. Карлос Саинц ЈР. 54 Мекларен 23
10. Фелипе Маса 36 Заубер 5
11. Нико Хулкенберг 34
12. Ленс Строл 32
13. Роман Грожан 28
14. Кевин Магнусен 15
15. Штофел Вандорн 13
16. Фернандо Алонсо 10
17. Џолион Палмер 8
18. Паскал Верлајн 5
19. Данил Квјат 5
Прв Круг

