И покрај тоа што најбрзото време кое е рекордно за оваа патека во сегашната конфигурација и речиси две секунди подобро од минатата сезона, благодарение на ултра-меките гуми, максималните брзини не беа подобрени, туку беа за околу 4км/ч пониски.
Фернандо Алонсо во болидот на Мекларен продолжи со добри перформанси забележувајќи го седмото најбрзо време, победувајќи ги возачите на Форс Индија и Рено, од кои најбрз беше домашниот миленик Серџо Перез, пред Нико Хулкенберг, Естебан Окон и Карлос Саинц ЈР..
И на оваа попладневна сесија имаше многу грешки и проблеми на возачите, најмногу за Роман Грожан, чија што гума се распадна при неговото извртување за време на неговиот прв брз круг.
Парчињата гума и каросерија предизвикаа краток период на црвени знамиња за расчистување на асфалтот. Како резултат на тоа, Грожан комплетираше само три круга.
Уште неколку други возачи, вклучувајќи ги и Хамилтон, Хартли и Ленс Строл, имаа извртувања, но со далеку помали последици.
Ферстапен во меѓувреме повторно имаше проблеми со Рено ПЕ, која започна да троши повеќе масло од гориво, по што мораше да се паркира во својата гаража. Проблеми со Рено ПЕ имаше и Пјер Гасли од Торо Росо и комплетираше само 10 круга, забележувајќи го 19-тото најбрзо време, со пласман само пред Грожан.
2017 МЕКСИКО ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:17.801 26
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:17.932 + 0.131 40
3. Макс Ферстапен Ред Бул 1:17.964 + 0.163 17
4. Себастијан Ветел Ферари 1:18.051 + 0.250 35
5. Кими Раиконен Ферари 1:18.142 + 0.341 40
6. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:18.299 + 0.498 43
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:18.508 + 0.707 26
8. Серџо Перез Форс Индија 1:18.728 + 0.927 41
9. Нико Хулкенберг Рено 1:18.775 + 0.974 19
10. Естебан Окон Форс Индија 1:18.822 + 1.021 42
11. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:19.060 + 1.259 30
12. Фелипе Маса Вилијамс 1:19.206 + 1.405 37
13. Брендон Хартли Торо Росо 1:19.423 + 1.622 40
14. Ленс Строл Вилијамс 1:19.524 + 1.723 42
15. Штофел Вандорн Мекларен 1:19.844 + 2.043 32
16. Паскал Верлајн Заубер 1:20.306 + 2.505 38
17. Кевин Магнусен Хас 1:20.318 + 2.517 35
18. Маркус Ериксон Заубер 1:20.362 + 2.561 38
19. Пјер Гасли Торо Росо 1:21.745 + 3.944 10
20. Роман Грожан Хас 1:25.526 + 7.725 3
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:21.531
2016 Себастијан Ветел - Ферари - 1:19.790
2017
Проблеми во кокпитот за Ветел
— Formula 1 (@F1) October 27, 2017



