Повеќето возачи, како и Себастијан Ветел, Кими Раиконен, Луис Хамилтон имаа мали извртувања на патеката што е нормална работа на оваа прва сесија каде се "бараат" лимитите на патеката.
Алфонсо Целис претера во тоа и имаше судир со бариерите, при што значително го оштети задниот дел од болидот на Естебан Окон, чија замена беше на оваа сесија. Тоа предизвика краток период на црвено знаме.
Макс Ферстапен, исто така, имаше предвремен крај на сесијата, поради фундаменталната промена на подесувањето на неговиот болид.
Единствениот возач нез комплетиран круг беше Штофел Вандорн со Мекларен. Во пресрет на тркачкиот викенд во неговиот болид беше вградена целосно нова ПЕ, со тоа заработувајќи казна од 35 стартни места.
Сепак при излегување на патеката инженерите на Хонда забележале аномалија во телеметријата, по што го повлекоја во гаражата и се решија за повторна промена на ПЕ. Вандорн требаше да ја користи 3.8 верзијата на Хонда ПЕ, но од вториот тренинг се враќаат на старата 3.7 спецификација.
Од првиот тренинг не можеме да "прочитаме" многу за формата на тимовите, како и по обичај за тоа повеќе ќе помогне вториот тренинг кој започнува во 21 часот по македонско време.
2017 МЕКСИКО ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:17.824 42
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.290 + 0.466 35
3. Макс Ферстапен Ред Бул 1:18.395 + 0.571 16
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:18.421 + 0.597 28
5. Себастијан Ветел Ферари 1:18.586 + 0.762 28
6. Кими Раиконен Ферари 1:19.008 + 1.184 27
7. Серџо Перез Форс Индија 1:19.240 + 1.416 21
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:19.346 + 1.522 20
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:19.443 + 1.619 32
10. Нико Хулкенберг Рено 1:19.552 + 1.728 19
11. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:19.554 + 1.730 24
12. Ленс Строл Вилијамс 1:19.772 + 1.948 34
13. Кевин Магнусен Хас 1:20.644 + 2.820 16
14. Паскал Верлајн Заубер 1:20.971 + 3.147 30
15. Антонио Џовинаци Хас 1:21.269 + 3.445 26
16. Чарлс Леклерк Заубер 1:21.446 + 3.622 28
17. Шон Гелајл Торо Росо 1:21.639 + 3.815 29
18. Брендон Хартли Торо Росо 1:21.747 + 3.923 10
19. Алфонсо Целис Форс Индија 1:22.342 + 4.518 17
20. Штофел Вандорн Мекларен без поставено време
2015 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:25.990
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:20.914
2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.824
Алфонсо Целис - Судир со бариерите



