Брендон Хартли ќе дебитира во Формула 1 шампионатот на трката за Големата Награда на Соединетите Американски Држави, која се вози наредниот викенд. Со преминувањето на Карлос Саинц ЈР. во тимот на Рено за последните четири трки од оваа сезона, тимот на Торо Росо го најави Пјер Гасли како негова замена за сите трки освен за таа во Остин, Тексас, кога ќе се обиде да ја освои Шампионската Титула во Супер Формула шампионатот.
За ГН на Соединетите Американски Држави неговото место во Торо Росо ќе го потполни Брендон Хартли, 27-годишниот Ново Зеланѓанец кој се натпреварува во трките на издржливост, каде беше шампион во 2015 година заедно со поранешниот Формула 1 возач, Марк Вебер и Тимо Бернхард. Исто така, оваа година тој се наоѓа на првото место во овој шампионат со три трки до крајот на сезоната.
Брендон Хартли вели: "Тоа е прекрасно чувство. Оваа можност дојде изненадувачки, но, јас никогаш не се откажав од мојата амбиција и детскиот сон да стигнам до Ф1. Јас созреав и научив толку многу од деновите кога бев резервен возач на Ред Бул и Торо Росо, а тешкиот период низ кои минував, ме направија посилен и порешителен. Сакам да искажам огромна благодарност до Ред Бул што ова стана реалност, и на Порше што ми дозволи да настапам и покрај моето активно учество во шампионатот на издржливост. Се обидувам да не се оптоварам со преголеми очекувања за мојот деби настап во Формула 1, но се чувствувам подготвен за тоа."
БРЕНДОН ХАРТЛИ ЌЕ ВОЗИ ЗА ТОРО РОСО НА САД ГП
10/15/2017 11:59:00 AM
0
Share to other apps