Лидерот во Шампионатот на возачи, Луис Хамилтон, вели дека неговиот тим имаше "големи проблеми" со болидите, откако тој не беше во можност да го следи темпото на Макс Верстапен на трката за ГН на Малезија.
"Ние направивме извонредна работа со она што го имаме", изјави трикратниот светски шампион. "Имавме некои навистина големи проблеми што сега не можам да ви ги објаснам, но ние навистина треба да се погрижиме да ги подобриме болидите за следната година, ако навистина сакаме да се бориме и со Ферари и со Ред Бул кога тие ќе ги засилат влоговите."
"Имаме многу работа пред нас, но нема некое брзо решение, тоа е начинот на кој се однесува болидот. Луѓето цела година велеа дека го имаме најдобриот болид. Тоа беше потврдено на некои трки, каде што тој се однесуваше перфектно, но генерално, мислам дека се покажа спротивното, дека тоа не е така."
"Со оглед на тоа што Ветел стартуваше последен, да бидам искрен, мислам дека имавме не толку добра трка. Денес требаше да победиме, но немавме брзина. Не знам која од следните трки ќе биде добра за нас, но ќе сториме се што можеме за да останеме на врвот од двете табели."
Тото Волф го потврдува истото и верува дека без проблемите на Ферари, тркачкото темпо на Мерцедес АМГ би било доволно добро само за петтото место. Но, среќата била на нивна страна.
ХАМИЛТОН: БЕВМЕ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ
10/01/2017 03:16:00 PM
0
Share to other apps



