Кими Раиконен вели дека е бесмислено да се оптоварува со размислувања за тоа на кое место би ja завршил последната ГН на Малезија, и покрај тоа што Ферари имаше болид способен за Победа.
Но, за победа прво треба да се започне трката. Финецот требаше да стартува од втората позиција во Сепанг, но, неочекуваниот проблем со неговата погонска единица го принуди да се повлече од трката.
Макс Ферстапен триумфираше на трката, Ред Бул ги победи болидите на Мерцедес АМГ. Себастијан Ветел од последната стартна позиција стигна до 4-тото место во вториот болид на Ферари, покажувајќи дека го имаа најбрзиот болид во трката.
"Се разбира, ова беше далеку од идеална трка за нас, проблемот се појави од никаде.", заклучи Раиконен. "Сигурен сум дека можевме да имаме многу добра трка, но каде би завршил, никогаш нема да дознаеме. Бесмислено е да се размисува за тоа токму сега. Штета, но тоа е она што е, а сега се насочуваме кон следниот викенд."
"Имаме добар пакет, но мора да го извлечеме максимумот од него. Имавме неколку тешки трки, но, следниот викенд е нов предизвик и, како што реков, имаме добар болид, па да се надеваме на најдоброто. Очигледно дека никогаш не можете да знаете што носи иднината, Сузука е различна патека, но ние ќе имаме пристап како кон секоја друга трка, па да почекаме и видиме како ќе се одвиваат работите таму."
КИМИ: НЕ КОМЕНТИРАМ ШТО БИ БИЛО, КОГА БИ БИЛО
10/01/2017 02:22:00 PM
0
Share to other apps

