Австралијанецот го имаше четвртото, додека Холанѓанецот петтото најбрзо време. Следуваше Кими Раиконен, кој по излетувањето на денешниот тренинг го оштети менувачот кој требаше да биде заменет, со што автоматски следува и казна од 5 стартни места поназад.
Возачите на Форс Индија, Серџо Перез и Естебан Окон беа седми и осми, пред Фелипе Маса од Вилијамс и Фернандо Алонсо од Мекларен, кои го заокружија пласманот на најбрзите десет возачи.
Во последните моменти од Q2 сесијата Штофел Вандорн за само 0,029 делови од секундата не успеа да се пласира во Q3, па ќе стартува 11-ти пред Нико Халкенберг, Кевин Магнусен, Џолион Палмер и Карлос Саинз ЈР.
Q1 сесијата заврши со минута и осумнаесет секунди пред истекот на штоперицата, поради излетувањето на Роман Грожан, по што беше покажано црвено знаме, а со оглед на останатото време следуваше предвремен крај на сесијата. Видеото од неговиот инцидент го имате приложено подолу. Неговиот болид претрпе значителна штета, па механичарите на Хас ќе имаат полни раце работа.
Тоа значеше крај на надежите за подобрување на своите позиции за Пјер Гасли од Торо Росо, Ленс Строл од Вилијамс и двоецот на Заубер, Маркус Ериксон пред Паскал Верлајн.
Имаме повеќе казни кои ќе го измешаат стартниот редослед. Казнети за користење на дополнителни компоненти од ПЕ се Саинц(20 места), Алонсо(35) и Палмер(20), додека Ботас и Раиконен добиваат пет места за непланирани промени на менувачот. Трката за ГН на Јапонија е утре со почеток во 07:00 часот по Македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЈАПОНИЈА
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:27.319
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:27.651 + 0.332
3. Себастијан Ветел Ферари 1:27.791 + 0.472
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:28.306 + 0.987
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:28.332 + 1.015
6. Кими Раиконен Ферари 1:28.498 + 1.179
7. Естебан Окон Форс Индија 1:29.111 + 1.792
8. Серџо Перез Форс Индија 1:29.260 + 1.941
9. Фелипе Маса Вилијамс 1:29.480 + 2.161
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:30.687 + 3.368
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:27.819
11. Штофел Вандорн Мекларен 1:29.778 + 1.959
12. Нико Хулкенберг Рено 1:29.879 + 2.060
13. Кевин Магнусен Хас 1:29.972 + 2.153
14. Џолион Палмер Рено 1:30.022 + 2.203
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:30.415 + 2.594
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:29.047
16. Роман Грожан Хас 1:30.849 + 1.802
17. Пјер Гасли Торо Росо 1:31.317 + 2.270
18. Ленс Строл Вилијамс 1:31.409 + 2.362
19. Маркус Ериксон Заубер 1:31.597 + 2.550
20. Паскал Верлајн Заубер 1:31.885 + 2.838
107% време: 1:35.280
Q1


