Луис Хамилтон ја забележа својата 71-ва Пол позиција во кариерата, десеттата во 2017 сезоната и негова прва на Сузука. Валтери Ботас го имаше второто најбрзо време, но ќе загуби пет стартни места поради казната за непланирана замена на менувачот. Со денешната Пол позиција Хамилтон сега го има забележано овој успех на секоја патека од 2017 календарот во текот на неговата кариера.
Луис Хамилтон: "Тука доаѓам толку долго, но ова е мојата прва пол позиција во Сузука! Дефинитивно вредеше да се чека. Јас не направив нити една грешка во текот на сите квалификациони сесии и со секој поминат круг само се подобрував. Основата беше поставена во Q1, а потоа само се подобрував. Чекав цел викенд за овој момент, за тој круг во Q3 и се чувствувам толку добро. Неверојатно е да дојдете тука со овој болид и да возите на оваа патека, една од најпознатите, но со овој болид, тоа е фантастично. Би сакал секој да го почувствува она што ние го чувствуваме."
"Сузука секогаш беше како да се возите на ролокостер, но, со потисната сила на овие болиди, тоа е лудница. Знаеме колку беа брзи болидите на Ферари во Малезија, па ќе биде интересно да се натпрваруваме. Се ставивме на вистинска позиција за утре да си ја олесниме работата. Тимот направи одлична работа, се надевам дека ќе можам да го искористам тоа на утрешната трка."
Валтери Ботас: "Имав незгоден ден, го оштетив болдиот на денешниот тренинг, но, момците направија одлична работа за тој да работи совршено на квалификациите. Имав неколку тешки трки, моето темпо навистина беше многу лошо. Сепак, овој викенд болидот беше поинаков во споредба со минатата недела, па јас можев да му верувам повеќе и да возам како што јас сакам, што секогаш носи добар резултат."
"Никогаш не треба да ја загубите самодовербата, тоа е клучот во овој спорт. Штета што мора да стартувам со казна од 5 позиции. Ќе ја започнам трката на меките гуми, мислам дека можеме да пробаме поинаква стратегија од сите други болиди околу нас. Се надевам дека тоа ќе ни донесе напредок од неколку места, бидејќи претекнувањето на оваа патека е многу тешко."
ХАМИЛТОН ПРЕСРЕЌЕН, НЕГОВА ПРВА ПОЛ ПОЗИЦИЈА НА СУЗУКА
10/07/2017 12:43:00 PM
0
Share to other apps



