На стартот од трката, Луис Хамилтон по првиот свиок го задржа водството. Првично Ветел, изгледаше дека е во добра форма, но само по неколку свиоци беше стигнат и престигнат од страна на Макс Ферстапен. Холанѓанецот имаше одличен старт од 4-тата позиција, успеа да го помине тимскиот колега, Даниел Рикиардо, а неколку свиоци подоцна беше на второто место.
По губењето на второто место веќе стана јасно дека Германецот во болидот на Ферари има проблеми со моќноста што ја испорачува Ферари ПЕ и тоа беше почетокот на неговото брзо пропаѓање низ поредокот. На почетокот од вториот круг, тој веќе беше претекнат од Естебан Окон со Форс Индија, кој пак го помина Рикиардо на стартот, како и од возачот на Ред Бул.
Следуваше краток период на излегување на безбедносниот автомобил, по излетувањето на Карлос Саинц ЈР. во чакалот покрај патеката. На инженерите на Ферари, тоа им беше добредојдено, но нивните проблеми не беа решливи во од.
Кога повторно се продолжи со акција на патеката, Ветел повторно беше нападнат и поминат од Серџо Перез и Фелипе Маса. Во тие моменти тркачкиот инженер на Ветел по тимското радио му соопшти да се упати кон својата гаража и дека мора да се повлечат од трката.
Напред Хамилтон почна да гради разлика над Ферстапен и до моментот кога беше воведен Виртуелниот Безбедносен Автомобил, поради излетувањето на Маркус Ериксон во 8-от круг, возачот на Мерцедес АМГ имаше повеќе од четири секунди предност.
По завршувањето на овој период на ВБА, кој траеше два круга, Даниел Рикиардо успеа да го врати третото место со претекнување на Естебан Окон со помош на ДРС-системот на стартно-целниот правец.
Истото му успеа и на Валтери Ботас, па поредокот во 14-от круг беше Хамилтон пред возачите на Ред Бул, Ботас, возачите на Форс Индија, Окон пред Перез, Маса, Кими Раиконен беше на 8-то место, пред Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен на позициите кои носат поени.
Следуваше мирен период на трката до првото влегување за промена на гумите. Макс Верстапен беше првиот од водечките, кој влезе во бокс, замнувајќи ги супер-меките за меки гуми. Веднаш во следниот круг реагираа и од тимот на Мерцедес АМГ со повикување на Хамилтон во бокс. Кога и двајцата ја преминаа целната линијата, разликата помеѓу нив беше намалена на само 1,8 секунди, а Ферстапен бележеше најбрзи сектори.
Даниел Рикиардо влезе во бокс на крајот од 25-от круг, механичарите на Ред Бул потфрлија, и кога Австралинаецот се врати на патеката тој се најде зад Кими Раиконен, кој, како и новиот лидер на трката Ботас, сѐ уште беа на патеката на нивните стартни меки гуми на Пирели.
Финецот бележеше слаби времиња и како последица на тоа, тој веќе во 28-от круг беше стигнат од Хамилтон и Ферстапен. Разликата беше само 1,1 секунда. Луис Хамилтон по тимското радио се пожали дека Финецот ја компромитира неговата трка, па неколку свиоци подоцна Ботас се тргна и му дозволи на Британецот да го престигне.
Тоа значеше проблеми за Ферстапен кој во следните неколку круга беше задржуван од страна на Ботас, овозможувајќи му на Хамилтон да изгради поглема предност. Од тимот на Мерцедес АМГ го повикаа во бокс на крајот од 30-от круг. Ботас на патеката се врати на четвртото место, десеттина секунди зад Рикиардо, и на побрзите супер-меки гуми.
Луис Хамилтон сега беше три секунди пред Ферстапен, лесно одржувајќи ја таа разлика, а зад првите двајца возачи, беа Рикиардо и Ботас. Темпото на Австралијанецот започна да опаѓа, па Ботас започна брзо да ја намалува разликата.
Во 48 круг од 53 до крајот на трката, Финецот беше на само 2,8 секунди зад Рикиардо, кога Ленс Строл излета надвор од патеката, по дупнатата предна десна гума или нешто што изгледаше како дефект на амортизацијата. Повторно беше воведен ВБА, што му овозможи драгоцено време на Рикиардо.
Кога акцијата продолжи, притисокот на Ботас продолжи со забележување на најбрзиот круг во трката и тој речиси беше во ДРС опсегот на возачот на Ред Бул.
Напред Хамилтон беше во водство, но по овој период на ВБА, кај неговиот болид се јавија големи вибрации, што му овозможи на Ферстапен да се залепи зад него.
Заостанатите болиди го оневозможија Холанѓанецот да се обиде да нападне за првото место, особено од страна на Алонсо, кој беше под истрага за игнорирање на сините знамиња, па тој мораше да се задоволи со второто место во Јапонија.
Зад нив Рикиардо успеа да го задржи третото место пред Ботас со вториот болид на Мерцедес АМГ. Кими Раиконен финишираше на петтото место, пред Естебан Окон и Серџо Перез, кој од тимот не доби дозвола да го нападне својот тимски колега.
Следуваа двата болиди на Хас кои завршија во поени, Кевин Магнусен на осмото и Роман Грожан на деветтото место. Последниот поен му припадна на Фелипе Маса со Вилијамс.
Голема Награда на Јапонија, Сузука
53 круга, 308.965км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч27:31.194
2. Макс Ферстапен Ред Бул + 1.211
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 9.679
4. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 10.580
5. Кими Раиконен Ферари + 32.622
6. Естебан Окон Форс Индија + 1:07.788
7. Серџо Перез Форс Индија + 1:11.424
8. Кевин Магнусен Хас + 1:28.953
9. Роман Грожан Хас + 1:29.883
10. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
11. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
12. Џолион Палмер Рено + 1 круг
13. Пјер Гасли Торо Росо + 1 круг
14. Штофел Вандорн Мекларен + 1 круг
15. Паскал Верлајн Заубер + 1 круг
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:43.021
2015 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч28:06.508
2016 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч26:43.333
2017 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч27:31.194
НАЈБРЗ КРУГ: Валтери Ботас - 1:33.144
БЕЗ ПЛАСМАН:
Ленс Строл Вилијамс
Нико Хулкенберг Рено
Маркус Ериксон Заубер
Себастијан Ветел Ферари
Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
Генерален пласман по 16 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 306 Мерцедес АМГ 540
2. Себастијан Ветел 247 Ферари 395
3. Валтери Ботас 234 Ред Бул 303
4. Даниел Рикиардо 192 Форс Индија 147
5. Кими Раиконен 148 Вилијамс 66
6. Макс Ферстапен 111 Торо Росо 52
7. Серџо Перез 82 Хас 43
8. Естебан Окон 65 Рено 42
9. Карлос Саинц ЈР. 48 Мекларен 23
10. Нико Хулкенберг 34 Заубер 5
11. Фелипе Маса 34
12. Ленс Строл 32
13. Роман Грожан 28
14. Кевин Магнусен 15
15. Штофел Вандорн 13
16. Фернандо Алонсо 10
17. Џолион Палмер 8
18. Паскал Верлајн 5
19. Данил Квјат 4