Како што кажува и самиот наслов членовите на Ферари се надеваат на добра борба со болидите на Мерцедес АМГ, но потребно им е и чудо како би ја добиле таа битка. Стартот од првиот ред на Себастијан Ветел е мала награда за неговата лоша среќа на претходните трки, додека Кими имаше големи проблеми.
По излетувањето на саботниот тренинг, во гаражата на Ферари започна натпревар со времето, при што механичарите на Ферари завршија речиси невозможната задача, составување на болидот на време за да го испратат Кими во Q1. Сепак, тој заработи казна од 5 старни позиции.
Третото најбрзо време на Ветел беше доволно добро за втората позиција, бидејќи Валтери Ботас, исто така, има казна за промена на менувачот во неговиот болид.
Себастијан Ветел: "Мислам дека болидот денес беше многу добар и јас бев среќен со него, но, немавме доволно сили за пол позицијата. При мојот последен брз круг, ризикував, можеби премногу, знаејќи дека Валтери не беше закана поради неговата казна, но не успеав. Сепак, генерално, нашиот болид се однесува добро. Утре треба да биде сончево и жешко, што би можело да направи одредена разлика, а потоа ќе видиме."
"Нормално имаме посилен болид во трка, отколку во квалификации. Важно е да имаме добар баланс, а секогаш е потребна и добра стратегија. Јас сум убеден дека треба да имаме добар старт, а тука на оваа патека, тоа е многу важно. Потоа би требало да парираме на нивното тркачко темпо и се надевам дека ќе бидеме поблиску до нашите конкуренти. Ќе видиме утре."
Кими Раиконен: "Немав баш добар почетокот на денот, со излетувањето од патеката на третиот тренинг. Тоа не е идеална подготовка за квалификациите. После тоа, сè стана потешко, но тимот направи одлична работа за да го врати болидот во едно парче. Во квалификациите болидот се однесуваше добро, но најголема непознаница беше однесувањето на гумите, кои не бев во можност да ги тестирам утрината."
"Во Q3, кога требаше да го извадам максимумот од болидот, направив грешка при првиот круг, а потоа имав прилично просечно време во вториот. Сега ја плаќам цената на мојата грешка. По промената на менувачот, имам дополнително казна од пет стартни места, што очигледно уште повеќе ја комплицира нашата трка. Утре нема да биде лесно, но мислам дека имаме добар болид за трката."
ФЕРАРИ ЗА УТРЕШНАТА ТРКА - ПОТРЕБНИ СЕ БОРБА И ЧУДО
10/07/2017 05:06:00 PM
0
Share to other apps