Макс Ферстапен, кој се соочува со казна од 15 стартни места, беше шести, пред Естебан Окон од Форс Индија. Карлос Саинц ЈР. се покажа во одлично светло во својот нов тим на Рено, квалификувајќи се на осмата позиција, пред Фернандо Алонсо од Мекларен и Серџо Перез од Форс Индија кои го заокружија пласманот на најбрзите десет возачи.
Во Q2 сесијата редоследот беше Фелипе Маса, Данил Квјат, Штофел Вандорн, Роман Грожан и Нико Хулкенберг од Рено, кој поради казната реши да ја преседи сесијата.
Веќе по првата сесија надвор од квалификациите беа Маркус Ериксон, Ленс Строл, дебитантот за Торо Росо, Брендон Хартли, Паскал Верлајн и Кевин Магнусен.
Строл и Магнусен се под истрага за наводно попречување на Грожан и Перез. Магнусен вели дека очекува казна, бидејќи неговиот тим погрешно му кажал дека болидот на Форс Индија не е на брз круг.
Неколку возачи веќе имаат казни за трката во недела, сите за користење на дополнителни елементи на погонската единица: Ферстапен - 15 места, Хулкенберг - 20 места, Хартли - 25 места и Вандорн - 5 места.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:33.108
2. Себастијан Ветел Ферари 1:33.347 + 0.239
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:33.568 + 0.460
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:33.577 + 0.469
5. Кими Раиконен Ферари 1:33.577 + 0.469
6. Макс Ферстапен Ред Бул 1:33.658 + 0.550
7. Естебан Окон Форс Индија 1:34.647 + 1.539
8. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:34.852 + 1.744
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:35.007 + 1.899
10. Серџо Перез Форс Индија 1:35.148 + 2.040
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:33.437
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:35.155 + 1.718
12. Данил Квјат Торо Росо 1:35.529 + 2.092
13. Штофел Вандорн Мекларен 1:35.641 + 2.204
14. Роман Грожан Хас 1:35.870 + 2.433
15. Нико Хулкенберг Рено без пост. време
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:34.822
16. Маркус Ериксон Заубер 1:36.842 + 2.020
17. Ленс Строл Вилијамс 1:36.868 + 2.046
18. Брендон Хартли Торо Росо 1:36.889 + 2.067
19. Паскал Верлајн Заубер 1:37.179 + 2.357
20. Кевин Магнусен Хас 1:37.394 + 2.572
107% време: 1:41.459


