Во Ферари одлучија да ја сменат шасијата на Себастијан Ветел по проблематичната втора сесија. Мерцедес АМГ, Ред Бул и Ферари ги пополнија и наредните три места, со Валтери Ботас пред Даниел Рикиардо и Кими Раиконен. Во Топ 10 пласман беа и Фернандо Алонсо, Фелипе Маса и возачите на Форс Индија, Серџо Перез пред Естебан Окон.
Очигледно дека на Мерцедес АМГ му одговара оваа патека, но Ред Бул и Ферари не се премногу далеку од нивното темпо. Карлос Саинц ЈР. го предводеше поредокот надвор од Топ 10 пласманот, пред новиот тимски колега Нико Хулкенберг, Даниил Квјат, Кевин Магнусен, Штофел Вандорн, Ленс Строл, дебитантот Брендон Хартли, Зауберите на Паскал Верлајн и Маркус Ериксон. Последен беше Роман Грожан со болидот на Хас.
2017 САД ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.668 26
2. Макс Ферстапен Ред Бул 1:35.065 + 0.397 30
3. Себастијан Ветел Ферари 1:35.192 + 0.524 9
4. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:35.279 + 0.611 39
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:35.463 + 0.795 23
6. Кими Раиконен Ферари 1:35.514 + 0.846 28
7. Фернандо Алонсо Мекларен 1:36.304 + 1.636 28
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:36.460 + 1.792 29
9. Серџо Перез Форс Индија 1:36.481 + 1.815 27
10. Естебан Окон Форс Индија 1:36.490 + 1.822 33
11. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:36.529 + 1.861 29
12. Нико Хулкенберг Рено 1:36.534 + 1.867 17
13. Данил Квјат Торо Росо 1:36.761 + 2.093 39
14. Кевин Магнусен Хас 1:37.285 + 2.617 16
15. Штофел Вандорн Мекларен 1:37.463 + 2.795 30
16. Ленс Строл Вилијамс 1:37.788 + 3.120 27
17. Брендон Хартли Торо Росо 1:37.987 + 3.319 40
18. Паскал Верлајн Заубер 1:38.165 + 3.497 35
19. Маркус Ериксон Заубер 1:38.262 + 3.594 22
20. Роман Грожан Хас 1:38.387 + 3.719 25


