Изграден помеѓу 1827-1832 на алпски пат, кој прво го користеле Римјаните, Tremolastrasse го поврзува градот Аироло со познатиот премин Готард. Проектниот тим на Ред Бул поради опасниот пат и временски услови, имал на располагање многу краток временски период да му овозможи шанса на Себастиен Буеми да ја помине 12,7 километри долгата делница, до целта на 2.106 метри надморска височина.
Буеми беше импресиониран: "Трките во Швајцарија се забранети многу години, па да се има можност да се вози болид на Формула 1 во Швајцарија и тоа на еден од најубавите патишта, беше неверојатно. Ќе се сеќавам на ова многу долго време."















