Наголемите возбудувања на денешната трка беше во почетините кругови. На стартот Валтери Ботас ја задржа водечката позиција по првиот свиок и го презеде водството пред Хамилтон, Ветел и Рикиардо, кои ги задржаа своите стартни позиции. Зад нив Макс Ферстапен во вториот Ред Бул имаше два агресивни обиди да го претекне Кими Раиконен од Ферари, во вториот речиси успеа, но на крајот младиот Холанѓанец мораше да се повлече од нападот, па Финецот беше сигурен на петтото место.
Подолу во поредокот Нико Хулкенберг одеше на се или ништо, имаше излегување надвор од патеката, по што се врати на седмото место пред болидите на Форс Индија. Германецот во тимот на Рено заработи казна од пет секунди за добиената предност, но и покрај тоа заврши пред возачите на Форс Индија, кои како да сакаа да му помогнат на Рено да ги освои потребните поени за скок на табелата, како би ги намалиле шансите за поголеми финансии, а со тоа и поголем развој на тимот што следната сезона може да им биде конкурент т.е. Торо Росо.
Набргу потоа редоследот се смири и немаше некои поголеми возбудувања, дури и по првите и единствени влегувања во бокс за промена на гумите. Единствено набрзо по нивните застанувања во бокс, трката беше завршена за Даниел Рикиардо, кој остана без хидрауликата на својот болид, и Карлос Саинц ЈР. чии механичари не успеаа да го заштрафат неговото предно лево тркало.
По откажувањето на Рикиардо, Раиконен беше промовиран на трето место, со агресивниот Ферстапен блиску зад себе. Откажувањето на Карлос Саинц ЈР. не беше толку трагично за тимот на Рено, бидејќи вториот нивни болид со Нико Хулкенберг зад воланот го наследи шестото место кое носеше доволно поени за да го претекнат Торо Росо на табелата во конструктори, тим чии болиди опремени со стари делови на Рено ПЕ беа немоќни за борба.
На крај, Валтери Ботас се одбрани од невообичаено смирениот тимски колега, стигнувајќи до својата трета победа во сезоната речиси четири секунди пред Хамилтон и речиси 20 секунди пред Ветел, чие трето место значи дека шампионатот го завршува на второто место во генералниот пласман на возачите, 12 поени пред Ботас. Четвртото место на Раиконен, заедно со откажувањето на Рикиардо, му го донесе четвртото место на кое беше Рикиардо во битката кај возачите.
Понатаму, како што напоменавме Хулкенберг со шестото место му го донесе на Рено истото место во табелата на конструктори. Серџо Перез беше седми, пред тимскиот колега од Форс Индија, Естебан Окон. Фернандо Алонсо забележа два нови бода на последната трка со болидот на Мекларен-Хонда, додека последниот поен му припадна на Фелипе Маса, на кого ова дефинитивно му беше последната трка во Формула 1 Шампионатот.
Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина
55 круга, 305.470км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1ч34:14.062
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 3.899
3. Себастијан Ветел Ферари + 19.330
4. Кими Раиконен Ферари + 45.386
5. Макс Ферстапен Ред Бул + 46.269
6. Нико Хулкенберг Рено + 1:25.715
7. Серџо Перез Форс Индија + 1:32.062
8. Естебан Окон Форс Индија + 1:38.911
9. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
10. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
11. Роман Грожан Хас + 1 круг
12. Штофел Вандорн Мекларен + 1 круг
13. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
14. Паскал Верјалн Заубер + 1 круг
15. Брендон Хартли Торо Росо + 1 круг
16. Пјер Гасли Торо Росо + 1 круг
17. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
18. Ленс Строл Вилијамс + 1 круг
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555
2015 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч38:30.175
2016 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч38:04.015
2017 В.Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч34:14.062
Најбрз Круг: Валтери Ботас - 1:40.650
БЕЗ ПЛАСМАН:
Карлос Саинц ЈР Рено
Даниел Рикиардо Ред Бул
Конечен Генерал Пласман
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 363 Мерцедес АМГ 668
2. Себастијан Ветел 317 Ферари 522
3. Валтери Ботас 305 Ред Бул 368
4. Кими Раиконен 205 Форс Индија 187
5. Даниел Рикиардо 200 Вилијамс 83
6. Макс Ферстапен 168 Рено 57
7. Серџо Перез 100 Торо Росо 53
8. Естебан Окон 87 Хас 47
9. Карлос Саинц ЈР. 54 Мекларен 30
10. Нико Хулкенберг 43 Заубер 5
11. Фелипе Маса 43
12. Ленс Строл 40
13. Роман Грожан 28
14. Кевин Магнусен 19
15. Фернандо Алонсо 17
16. Штофел Вандорн 13
17. Џолион Палмер 8
18. Паскал Верлајн 5
19. Данил Квјат 5
20. Маркус Ериксон 0
21. Пјер Гасли 0
22. Антонио Џовинаци 0
23. Брендон Хартли 0
Doughnuts