Кубица ќе добие уште неколку часа во текот на утрешниот тест ден, кога ќе го преземе болидот од Сергеј Сироткин, кој е сериозен против-кандидат на Полјакот за второто возачко место во Вилијамс. Помали шанси за слободното возачко место имаат Данил Квјат и Пол ди Реста. Од тимот на Вилијамс се надеваат дека ќе ја објават возачката постава пред Божиќните празници.
Тимот јасно стави до знаење дека нивната тест програма е составена на тој начин за да даде конечен одговор за тоа дали Кубица е подготвен да направи кам-бек во Формула 1 Шампионатот, седум години по ужасната несреќа која ја прекина неговата кариера. Жан Тод, Претседателот на ФИА, изјави дека медицинските тестови на ФИА, дополнително ќе одредат дали Кубица е способен да се натпреварува.