Формула 1, оваа измината сезона, воведе нови порадикални технички регулативи, што резултираше со дизајнирање на едни од најбрзите Ф1 болиди што некогаш биле видени во историјата на овој мотоспортот.
Инженерите на Пирели, како резултат на тоа, требаше да ги конструираат најбрзите Ф1 гуми, 25% пошироки од нивните претходници, за да се справат со зголемената потисна сила, а со тоа и максималните брзини низ свиоците.
Во текот на оваа година, времињата за пол позицијата беа во просек 2,450 секунди побрзи отколку во 2016 година, а најбрзиот круг беше во просек 2,968 секунди побрз од минатата година. Силите кои влијаеа врз гумите беа до 35-40% повисоки од 2016 година, но од Пирели имаа оптимално ниво на сигурност и конзистентност. За следната сезона Италијанците најавуваат помеки смеши за уште поголема брзина и спектакуларно тркање.
ГУМИ
- Вкупен број на испорачани гуми во 2017: 38.788;
- Од нив, 33.520 биле испорачани за време на тркачките викенди и 5.268 за тестирање;
- Од 38.788 гуми, 25.572 се гуми за суво, а 13.016 беа гуми за дожд или интермедиа;
- Вкупен број на гуми што се користени за време на тркачките викенди: 12.920, од кои 11.532 се гуми за суво, а 1.388 за дожд или интермедиа;
- Вкупен број на рециклирани гуми: сите;
- Максимален број на поминати километри по смеши (без тест сесиите):
Тврда: 74 км (Естебан Окон, Форс Индија)
Медиум: 587км (Ленс Строл, Вилијамс)
Меки: 4.696км (Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ)
Супер-меки: 6.261км (Серџо Перез, Форс Индија)
Ултра-меки: 4.674км (Штофел Вандорн, Мекларен)
Интермедуа: 433км (Ленс Строл, Вилијамс)
Дожд: 242км (Фелипе Маса, Вилијамс).
ПИТ СТОП
- Вкупен број на пит-застанувања: 533;
- Тоа во просек изнесува 26.7 по трка и 1.5 по возач во секоја трка;
- Најмногу пит-застанувања во трка: 41 (Азербејџан ГП);
- Најмалку пит-застанувања во трка: 18 (Австриско ГП).
ПРЕТЕКНУВАЊА
- Вкупен број на маневри за претекнување во текот на сезоната: 435*, со просек од 21,8 по трка;
- Најголем број на маневри за претекнување на сува трка: 42 (Азербејџан ГП);
- Најголем број на маневри за претекнување на влажна трка: 31 (Кина ГП);
- Најмал број на маневри за претекнување на сува трка: 1 (Русија ГП);
- Возач со најголем број на маневри за претекнување: Даниел Рикиардо, 43;
- Возач со најголем број на маневри за претекнување во една трка: Даниел Рикиардо, 13 (Силверстоун);
- Возач кој бил најмалку претекнат: Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, 2 пати**;
- Возач со најголем напредок во првиот круг: Ленс Строл со добиени 36 позиции;
- Тим што изврши најмногу претекнувања: 63, Ред Бул (43 од Рикиардо, 22 од Ферстапен);
- Тим кој бил претекнат најмалку: 11, Ред Бул (9 Рикиардо, 2 Ферстапен) и Ферари (8 Раиконен, 3 Ветел).
* Како маневри за претекнување се сметаат сите по комплетираниот прв круг, а добиената позиција се одржува до крајот на кругот. Промените на позиции поради големи механички проблеми или претекнување на заостанати болиди не се бројат.
** Се земаат само возачи кои учествувале во целата сезона.
ПАТЕКИ И ТРКИ
- Најдолга трка во годината: Азербејџан ГП(2ч03:55.753);
- Најкратка трка во годината: Монца (1ч15:32.312);
- Најбрза трка на годината: Монца, со просечна брзина на победникот (Луис Хамилтон) 243.626 км/ч;
- Максимална брзина за време на трка: 362.4 км/ч (Себастијан Ветел во Мексико);
- Најголем број на најбрзи кругови: 18 (Луис Хамилтон, 7 во трка и 11 во квалификации.);
- Најголем број кругови во водство: 527 (Луис Хамилтон).
ПИРЕЛИ ВО ФОРМУЛА 1 (од 1950)
- Трки: 340;
- Победи: 181;
- Пол позиции: 184;
- Подиуми: 550;
- Најбрзи кругови: 188;
- Возачки титули: 12;
- Тимски титули: 7.
ОСТАНАТИ ИНТЕРЕСНИ БРОЕВИ
- Бројот на возачи (вклучувајќи ги и третите возачи и млади возачи) кои управувале со Ф1 болид опремен со Пирели гуми од 2010 година: 112;
- Вкупен број на поминати километри со сите смеши во текот на 2017 година, вклучувајќи ги тест сесиите, тренинзите, квалификации и трки: 329.170км (со исклучок на прототип гуми);
- По смеша:
Тврда 1.549км;
Медиум 20.259км;
Мека 94.893км;
Супер-мека 118.729км;
Ултра-мека 83.465км;
Медиум 7.089км;
Дожд 3.186км.
- Растојание покриено во трки: 102.856км;
- Растојание покриено за време на развојни тест сесии: 14.285км;
- Број на најбрзи кругови, во квалификациите и трките, забележани Шампионот за 2017 година: 18 (7 во трки и 11 во квалификациите);
- Најниска просечна брзина на сува трка: 148.176 км/ч (Даниел Рикиардо, Азербејџан ГП);
- Најниска температура на асфалтот, регистрирана за време на трка: 14° (Кина);
- Најниска температура на асфалтот, регистрирана за време на тркачки викенд: 14° (Кина);
- Највисока температура на асфалтот, регистрирана за време на трка: 55° (Хунгароринг);
- Највисока температура на асфалтот, регистрирана за време на тркачки викенд: 56° (Бахреин);
- Најниска температура, регистрирана за време на трка: 13° (Кина);
- Најниска температура, регистрирана за време на тркачки викенд: 13° (Кина);
- Највисока температура, регистрирана за време на трка: 33° (Хунгароринг);
- Највисока температура, регистрирана за време на тркачки викенд: 43° (Бахреин).
2018 РАЗВОЈНИ ТЕСТ СЕСИИ
- ПАТЕКИ: 8, односно Абу Даби, Барселона, Хунгароринг, Магни-Кур, Мексико Сити, Пол Рикард, Сахир, Силверстоун;
- Тестирани прототипови: 198 (147 за суво време, 18 медиум и 33 за дожд.);
- Тимови и поминати километри на овие тестови:
Ред Бул: 2,637.74км;
Мекларен: 2,350.11км;
Мерцедес АМГ: 1,974.69км;
Ферари: 1,546.12км;
Рено: 1.210.30км;
Торо Росо: 1,200.99км;
Хас: 995.58км;
Заубер: 942,58км;
Вилијамс: 936,67км;
Форс Индија: 490,66км.
ФОРМУЛА 1 И ПИРЕЛИ: СИТЕ БРОЈКИ ОД 2017 СЕЗОНАТА
12/06/2017 07:16:00 PM
0
Tags
Share to other apps