Главен настан, како и секоја година, на завршната гала-вечера на ФИА беше доделувањето на Титулите во сите мотоспорт шампионати. Тофејот за Шампионот на нашиот омилен мотоспорт беше доделен на Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес АМГ по четврти пат го подигна овој трофеј, извонреден подвиг кој го издигна на ниво со легендата на Формула 1, Ален Прост, и неговиот голем ривал за годинашната титула, германскиот возач Себастијан Ветел од Ферари.
Британецот забележа девет победи во текот на 2017 година, освои поени на секоја трка од 2017 сезоната и со нов рекорд се искачи на врвот од табелата по освоени Пол позиции, вкупно 72 на број. Претходно овој рекорд го држеше Михаел Шумахер со 68 Пол позиции, чии седум Шампионски Титули изгледаат сеуште недостижно за Хамилтон.
"Ми требаа 10 години за да забележам четири титули. Моментално немам таква желба, да го совпаднам рекордот на Шумахер, но споредувањето со Фанџо (кој има пет титули) би било многу кул. Со оглед на тоа дека ќе бидам во овој спорт, барем уште неколку години, тоа е мојата цел. Да се обидам и барем да го победам него. Ние, јас и Мерцедес, дефинитивно имаме заеднички сили за да победиме во уште неколку шампионати."
ОФИЦИЈАЛНО ДОДЕЛЕНА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НА ЛУИС ХАМИЛТОН
12/09/2017 03:03:00 PM
0
Share to other apps