Себастијан Ветел го забележа најбрзото време на вториот ден од тест сесијата во Барселона, но побара да не се брза со заклучоци. Времето е доста ладно, а тоа не се нормални услови за функционирање на Ф1 болидот.
"Со болидот е се во ред, немавме проблеми. Тимот направи чекор напред во споредба со минатата година, кога станува збор за издржливоста, но не можам да ја проценам брзината. Многу е тешко да се дадат проценки. Прво, поради фактот што времето е многу поладно отколку на тестовите минатата година, второ, асфалтот на Каталуња е нов. Ова се два сериозни фактори, поради што е невозможно да се направат споредби."
"Tешко e да се направат споредби и со останатите тимови, тешко е да се добијат релевантни податоци. Времето и во наредните денови нема да се подобри многу, па останува да ја очекуваме следната тест сесија. Сега, мора да се задоволиме со она што го имаме на располагање. Се разбира, најважно е да ги разбереме карактеристиките на новиот болид, а за тоа ни се потребни што повеќе тест денови."
ВЕТЕЛ: НЕ МОЖАМ ДА ЈА ПРОЦЕНАМ БРЗИНАТА НА БОЛИДОТ
2/28/2018 04:38:00 PM
0
Share to other apps



