Кристијан Хорнер потврди дека оваа година Ред Бул внимателно ќе ја следи соработката помеѓу Торо Росо и Хонда, за да се утврди нивната иднина во овој спорт, т.е. да се остане со Рено или да се премине на Хонда. Од друга страна, Кирил Абитебул, извршниот директор на Рено Ф1, рече дека од Австрискиот тим, очекуваат одговор најдоцна до крајот на Мај месец.
Кирил Абитебул: "Не можеме да чекаме засекогаш. Јасно е дека во нивниот тим размислуваат за повеќе опции. Тие имаат апсолутно право на тоа. Но, ние имаме обврски да и помогнеме на Формула 1, а не на Ред Бул, и очигледно е дека мораме да ја планираме нашата работа. Колку што знам, до крајот на мај треба да се потврди кој производител на ПЕ ќе го снабдува секој Ф1 тим за следната година."
"До тој датум, ние ќе мора да постигнеме основен договор, а врз основа на тоа да можеме да преминеме кон понатамошни преговори. На пример, кои специфични услуги сакаат да ги добијат, дали сакаат да соработуваат со свој доставувач на масла, и слично. До тој датум, сакаме да знаеме дали соработката ќе продолжи."
РЕНО: РЕД БУЛ МОРА ДА СЕ ОДЛУЧИ ДО КРАЈОТ НА МАЈ
2/28/2018 05:07:00 PM
0
Share to other apps



