Полека изминува првиот ден од Австралиското Гран При и новата 2018 сезона, болидите за првпат излегоа на асфалтот во натпреварувачка форма, па едни од најстандардните изговори кои веројатно ќе ги слушнете и прочитате и нивните вистински значења се следните:
1. "Болидот е во многу рана фаза на развој"
=
"Изградивме страшно, ужасен болид и немаме идеја како да го поправиме."
2. "Ние имавме мал технички проблем кој привремено го прекина нашето возење."
=
Пожар! Пожар! Пожар! Внимавајте на себе!!!
3. "Проблемите што ги имавме не влијаеа на нашите подготовки за тркачкиот викенд."
=
Подобро од ова, нема да биде...
4. "Петочните резултати не се репрезентативни."
=
Петочните резултати се целосно репрезентативни и ние ќе бидеме елиминирани во Q1.
5. "Фидбекот на дебитантскиот возач X беше одличен."
=
О Боже, овој не само што е бавен, тој е и глупав. Добра работа што е богат.
6. "Потребно е време да се изгради нова врска."
=
Не можеме да го вклопиме менувачот со моторот.
7. "Очигледно секогаш постои простор за подобрување."
=
Не постои начин за подобрување на ова.
8. "Се уште се обидуваме да ги разбереме гумите."
=
Ние не ги разбираме гумите и ние веројатно никогаш ни нема да ги разбереме.
9. "Неверојатно е блиска средината на табелите."
=
Ќе завршиме на 9-тото место оваа сезона.
10. "Патеката во Алберт Парк не е добар показател."
=
Ќе биде уште полошо кога ќе стигнеме до Барселона.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.