Мерцедес АМГ ја започна 2018сезоната во препознатлив стил, за кој повеќето Ф1 фанови се надеваа дека ќе биде променет, Луис Хамилтон и новиот тимски колега Валтери Ботас на првите две места на табелата на крајот од првата тренинг сесија за Големата Награда на Австралија. Следуваше Макс Ферстапен со третото најбрзо време, заостанувајќи 0,75 секунди зад Британецот.
Од Ферари се очекуваше, и според некои уште се очекува да извршат поголем притисок на Мерцедес АМГ, но нивните возачи, Кими Раиконен и Себастијан Ветел завршија со 4-то и 5-то најбрзо време, сепак со еден чекор потврдите смеши на Пирели. Во најбрзите десет, местото го изгубија болидите на Вилијамс и Форс Индија, кои беа заменти со Хас и Мекларен, Рено со Нико Хулкенберг стандардно.
Даниел Рикиардо ја заработи првата сезонска казна на својата домашна трка. На Австралијанецот му беше изречена казна за непочитување на минималната брзина при црвено знаме. Возачот на Ред Бул покрај тоа доби и два казнени поени на својата Ф1 лиценца. Според извештајот на стјуардите, казната е изречена со олеснителни околности, бидејќи тој забавил до одреден степен и не била создадена потенцијална опасност.
2018 АВСТРАЛИЈА ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КР.
1. Л.Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.026 27
2. В.Ботас Мерцедес АМГ 1:24.577 + 0.551 29
3. М.Ферстапен Ред Бул 1:24.771 + 0.745 26
4. К.Раиконен Ферари 1:24.875 + 0.849 19
5. С.Ветел Ферари 1:24.995 + 0.969 15
6. Д.Рикиардо Ред Бул 1:25.063 + 1.037 25
7. Р.Грожан Хас 1:25.730 + 1.704 24
8. Ф.Алонсо Мекларен 1:25.896 + 1.870 16
9. К.Саинц ЈР. Рено 1:25.922 + 1.896 23
10. Ш.Вандрон Мекларен 1:26.482 + 2.456 15
11. П.Гасли Торо Росо 1:26.494 + 2.468 25
12. С.Сироткин Вилијамс 1:26.536 + 2.510 25
13. Н.Хулкенберг Рено 1:26.583 + 2.557 25
14. Е.Окон Форс Индија 1:26.605 + 2.579 30
15. Л.Строл Вилијамс 1:26.636 + 2.610 30
16. С.Перез Форс Индија 1:26.767 + 2.741 26
17. К.Магнусен Хас 1:27.035 + 3.009 15
18. Б.Хартли Торо Росо 1:27.745 + 3.719 16
19. М.Ериксон Заубер 1:27.964 + 3.938 28
20. Ч.Леклерк Заубер 1:28.853 + 4.827 28
2014 Фернандо Алонсо - Ферари - 1:31.840
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:29.557
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.725
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.220
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:24.026
Луис Хамилтон ја пренесе својата форма и на втората тренинг сесија каде повторно го имаше најбрзото време, додека Макс Ферстапен заврши на второто место, но сега само со десетинка заостанување зад Британецот на истите ултра-меки гуми.Валтери Ботас заврши на третото место, со неговиот сонародник Кими Раиконен зад него со минимално заостанување од 0.045 делови од секундата. Следуваа Себастијан Ветел, Роман Грожан и Даниел Рикиардо за заокружување на најбрзите седум возачи кои беа во иста секунда со најбрзото време.
Значи Мерцедес АМГ беа најбрзиот тим, поминувајќи го целиот ден на ултра-меките гуми на Пирели, но за остатокот од тркачкиот викенд се очекуба нестабилно време. Деградацијата на гумите е мала, додека разликата од ултра-меката до супер-меката смеша е 0.6 делови од секундата. За трката може да се користат сите три номинирани смеши.
2018 АВСТРАЛИЈА ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КР.
1. Л.Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.931 35
2. М.Ферстапен Ред Бул 1:24.058 + 0.127 34
3. В.Ботас Мерцедес АМГ 1:24.159 + 0.228 34
4. К.Раиконен Ферари 1:24.214 + 0.283 39
5. С.Ветел Ферари 1:24.451 + 0.520 38
6. Р.Грожан Хас 1:24.648 + 0.717 34
7. Д.Рикиардо Ред Бул 1:24.721 + 0.790 28
8. Ф.Алонсо Мекларен 1:25.200 + 1.269 28
9. К.Магнусен Хас 1:25.246 + 1.315 30
10. Ш.Вандрон Мекларен 1:25.285 + 1.354 34
11. К.Саинц ЈР. Рено 1:25.390 + 1.459 35
12. С.Перез Форс Индија 1:25.415 + 1.482 30
13. Н.Хулкенберг Рено 1:25.463 + 1.532 35
14. Л.Строл Вилијамс 1:25.543 + 1.612 32
15. Е.Окон Форс Индија 1:25.888 + 1.957 33
16. Б.Хартли Торо Росо 1:25.925 + 1.994 41
17. П.Гасли Торо Росо 1:25.945 + 2.014 39
18. С.Сироткин Вилијамс 1:25.974 + 2.043 37
19. М.Ериксон Заубер 1:26.814 + 2.883 31
20. Ч.Леклерк Заубер 1:26.815 + 2.884 35
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.625
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:27.697
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:38.841
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.620
2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:23.931
Интро на новата сезона