По завршувањето на 2017 сезоната во Абу Даби, членовите на Мерцедес АМГ имаа можност за мал одмор. За време на овој период триесетина луѓе од раководството на сребрените стрели имале интересни два дена на Оксфорд Универзитетот. Имале интересна показна игра, биле поделени во групи кои имале задача да се стават во улога на Ферари, ФИА и Либерти Медиа, и да се обидат на најдат предлози како да се победи Мерцедес АМГ. Тото Волф бил во група на Ферари.
- Па, што треба да се направи за да се запре Мерцедес АМГ?
Тото Волф: Тоа не можам да кажам.
- Либерти Медиа веќе една година раководи со Формула 1. Во овој период се воведе ХАЛО безбедносниот систем и се отфрлија Грид Девојките. Како ги оценувате преземените чекори?
Тото Волф: Да, тие една година раководат со Формула 1, но, за нив ова се уште е воведен период. Од надвор секогаш е лесно да се критикува, но не е лесно да се донесат такви одлуки.
- Значи, дали сте задоволни од овие одлуки?
Тото Волф: На одлуките кои што тие самите ги донесуваат немаме многу влијание, но, не сите се покажаа позитивни. Можеме да разговараме за добрите и лошите страни на откажување од Грид Девојките. Верувам дека нивното присуство не беше дискриминаторско. Наместо тоа, ова беа дополнителни можности за спонзори. Јас да одлучував, немаше целосно да ги откажам Грид Девојките. Но, тоа, не е важно во битката за Титулите.
- Што требаше да се направи наместо тоа?
Тото Волф: Важно е да се воспостави соработка со големите дигитални компании. Треба да станеме атрактивни за Фејсбук, Google, Netflix и други интернет платформи. На пример, требаше да ги прашаме нашите партнери, како Германскиот РТЛ: "Што ви е потребно? Што можеме да направиме за вас? Покрај тоа, неопходно е да се привлечат нови спонзори.
- Во Формула 1 се подготвени да се откажат од трки во Европа за Голема Награда во Њујорк или Мајами?
Тото Волф: Прво, мора да одговориме на неколку прашања. Кој сме ние? Што е Формула 1? Кои се нашите фанови? На пример, во Мексико, Ники Лауда не може да направи чекор без да му биде побаран автограм. Во оваа земја, Формула 1 е многу популарна и мора да бидеме присутни во такви региони.
Но, не смееме да ја заборавиме Европа. Ние сме од Англија, Германија, Италија, тоа се земјите каде се роди Формула 1. Трките во Монако, Силверстоун, Монца и Хокенхајм не може да бидат заменети со ништо.
Сепак, мора да постојат и егзотични трки, кои се туристичка атракција. На пример, Баку и Сочи. Четири дена, овие градови се во центарот на вниманието, целиот свет ќе слушне за нив.
- Да, но, тоа е возможно само ако има возбудлива борба на асфалтот?
Тото Волф: Со тоа се започнува. Без интензивна борба, гледачите ќе го изгубат интересот. Дитер Зетче вели дека секоја година треба да ја освојуваме Титулата во последната трка со разлика во еден поен. Но, таквото сценарио носи и големи стресови, од такво сценарио може да се добие мозочен удар!
- Дали сезоната 2018 ќе биде интересна?
Тото Волф: Јас сум лош прогнозер, а тестовите не се баш најдобар показател. Во еден круг, Ферари, Мерцедес АМГ и Ред Бул покажуваат многу слична брзина.
- Колку е силна мотивацијата за пет последователни титули?
Тото Волф: Ние сме мотивирани, Луис е многу мотивиран. Трките за него се на прво место. Тој има шанса да биде во друштво на најдобрите Шампиони. Ако ја земе и оваа титула, тогаш ќе се изедначи со Хуан-Мануел Фанџо. Повеќе титули ќе има само Михаел Шумахер.
Ќе дојде време кога ќе мора да се каже - Тоа е крај - тогаш статистиката игра голема улога. Нашиот тим победува четири години по ред, и ние сè уште можеме да ги повториме рекордите на Ферари од ерата на Михаел Шумахер. За триесеттина години ќе можеме да ги отвориме историските книги и да кажеме: "Тоа беа славни времиња".
ТОТО ВОЛФ: АНГЛИЈА, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА, ТОА СЕ ЗЕМЈИТЕ КАДЕ Е РОДЕНА ФОРМУЛА 1
3/15/2018 08:51:00 PM
0
Share to other apps