Ветел пред првата трка од 2018 сезоната. |
"Мислам дека тргнуваме од добра основа со нашиот болид, SF71H. Сега ќе мораме да работиме на понатамошен негов развој и подобрување на неговиот потенцијал. Имам голема доверба во нашиот тим, знам колку се вешти и посветени момците во Маранело."
Многу тимови, вклучувајќи ги и вашите главни конкуренти, оваа зима имаа импресивна километража. Што можете да кажете за тоа од перспектива на Ферари?
"Ние, исто така, направивме добра работа во однос на километражата, со вкупно извозени 4.323 километри. Имам личен најдобар резултат од 188 круга во еден ден, што е 875 км. и вкупно поминати скоро 3000 км.! Ние не доживеавме некои големи проблеми со болидот, и јас се забавував возејќи го."
Многу е кажано и напишано за темпото на вашите конкуренти при симулациите на трка. Можете ли да ни кажете нешто околу тоа од ваша гледна точка?
"Нашите конкуренти - Мерцедес АМГ и Ред Бул - користеа само еден вид на гуми за симулација на трка, што е нешто што не можете да го направите за време на гран при викендите. Тоа има влијание врз стратегиите и на крајниот резултат."
Говорејќи за менаџирањето со гумите, може ли тоа да биде вистински проблем?
"Мислам дека е сосема нормално дека по првите неколку денови на тестирање секој тим се обидува да го натера снабдувачот на гуми да оди во насока која најдобро одговара на нивниот болид. Мислиме дека Пирели направи добра работа со нивната најнова палета на смеши."
Дали се радувате на првата трка од сезоната?
"Не можам да дочекам да бидам во Австралија, бидејќи откако ќе стигнеме таму, сите ние ќе возиме и ќе се натпреваруваме при исти услови. И, како што реков претходно, имам доверба во нашиот болид."