Новата сезона, Луис Хамилтон, ја започна со освојување на својата 73-та Пол позиција во кариерата, седма на патеката во Мелбурн. Кими Раиконен го имаше второто најбрзо време со заостанување од 0.664 секунди, но, успеа да биде пред својот тимски колега од Ферари. Себастијан Ветел ќе стартува од третата позиција во Алберт Парк, заостанувајќи само една стотинка зад Финецот. Од Ферари се надеваат дека ќе имаат можност да се натпреваруваат за победа на утрешната трка.
Луис Хамилтон: "По успесите од изминатите години, денешниот резултат може да даде лажна слика. Во пракса, не беше лесно. Борбата беше многу интензивна, се борев со целосниот потенцијал што можам да го пружам. Многу сум задоволен со мојот брз круг, секогаш се стремам да имам беспрекорен круг, а понекогаш тоа ми успева!"
"Резултатот беше изненадувачки, особено со оглед на тоа колку брзи беа Ферарите. За време на последниот круг, дејствував како и обично, обидувајќи се да ги загреам гумите и да се подобрувам во сите сектори. На почетокот на квалификациите бев многу брз, но, потоа не можев да го фатам ритамот за, па добро е што на крајот сепак ми успеа тоа."
Кими Раиконен: "Мислам дека нашиот болид, денес, се однесуваше многу добро, иако, разликата е доста голема. Квалификациите не беа баш лесни, по утринскиот дожд. Покрај тоа, текот на последната Q3 сесија беше нарушен со инцидентот на Валтери Ботас, па, затоа треба да бидеме задоволни со резултатот и позицијата од која ќе ја стартуваме утрешната трка."
"Се разбира, не чека многу работа, ни требаат поголеми перформанси, но, генерално досега се се одвива добро."
Себастијан Ветел: "Мислам дека можеме да бидеме задоволни. Вчера не го чувствував болдиот, во квалификациите се однесуваше подобро, но, при последниот брз круг имав непријатен момент во 13-иот свиок, се обидов што подоцна да кочам, но, тоа се покажа како грешен потег. Штета што на крајот Луис имаше толку голема предност, но, верувам дека успеа да состави многу добар круг."
"Ајде да видиме што ќе се случи утре. Мислам дека нашиот болид е подобрен, па ќе видиме. Вчера, при долгите стинтови, видовме дека времињата беа прилично блиски. Претекнувањето на оваа патека не е лесно, но, кој знае. Најголемата шанска ќе ја имаме на стартот, а се надевам и во трката. Среќен сум за тимот, имаме добар резултат. Ние продолжуваме да работиме напорно."
2018 АВСТРАЛИЈА ГП: ИЗЈАВИ НА НАЈБРЗИТЕ ТРОЈЦА ВОЗАЧИ
3/24/2018 06:52:00 PM
0
Share to other apps