Шансите за да гледаме повеќе претекнување на трката во Австралија добија поттик со воведувањето на нова, трета DRS зона. Традиционално, патеките имаат една или две ДРС зони, но, во најновиот обид на ФИА за зголемување на престигнувањето на патеките каде што тоа е тешко, управувачкото тело на Ф1 за прв пат вметна и трета зона во Алберт Парк.
Новата ДРС зона започнува на излезот од брзиот свиок 12, со цел да им помогне на возачите да имаат повеќе брзина, а со тоа шанса за претекнување при влез во 13-от свиок.
Ако не успеат и таму да направат потег, се надеваат дека напаѓачкиот болид ќе биде многу поблиску до болидот пред себе за следната ДРС зона која следи по последните два свиоци.
2018 АВСТРАЛИЈА ГП: ВОВЕДЕНА ТРЕТА ДРС ЗОНА НА АЛБЕРТ ПАРК
3/21/2018 11:19:00 AM
0
Share to other apps