Формула 1®, врвот на мотоспортот, заедно со ФИА, по укинувањето на Грид Девојките, основа ново партнерство наречено Грид Деца, со цел церемонијата пред трка да стане порелевантна и поинтересна за фановите, особено помладите генерации од нив. Повеќе детали на оваа тема на следниот ЛИНК.
По осум дена на тестирање пред стартот на сезоната, кои се одвиваа на патеката Каталуња во Барселона, се чини дека водечките три тимови остануваат како најверојатното трио за Победничкиот подиум. Мерцедес АМГ, неприкосновено на самиот врв, додека Ферари и Ред Бул ќе ја демнат секоја нивна грешка за пласман на највисокото скалило.
Враќањето на Хонда, како снабдувач со ПЕ на тимот на Мекларен, не одеше според нивниот план, па пред новата сезона Британците ги отпуштија Јапонците, а како нивна замена дојдоа Французите, т.е. Рено.
Напредокот е од суштинско значење за тимот, во Барселона имаше првични показатели за тоа, но, издржливоста повторно беше на ниско ниво. Новиот папаја портокалово обоен MCL33 со плави нијанси има очајна потреба од редовни пласмани на Победничкиот подиум, нешто што и во овој момент изгледа многу далечен сон за овој тим.
Нема многу промени во регулативата од минатата сезона, а највидлива модификација на 2018 болидите е воведувањето на HALO-системот, структура дизајнирана да го заштити возачот од удар на летачки објект.
Оваа промена претставуваше најголем проблем за дизајнерите, од една страна, бидејќи зголемената минимална тежина на болидите за само 5 килограми (733кг) само делумно ја компензира тежината на компонентата и, од друга страна, поради неизбежниот ефект врз протокот на воздух.
Големата "ајкулина перка" на капакот на моторот ја нема повеќе, додека позиционирањето на Т-крилото, кое сите тимови го користеа за подобро насочување на протокот на воздух кон задното крило, претрпe измени т.е. комплетно исчезна од новите болиди.
Исто така, кога сме кај задниот дел на болидот, го нема и малото крилo, познато како monkey seat, што се наоѓаше под задното крило. Излезот на издувните гасови е поместен наназад, а како дополнителна мерка на безбедност, секое тркало ќе биде врзано со три сигурносни сајли кои кои ќе го спречуваат нивното одвојување во случај на судири.
Нормите за crash-тестот на предниот дел од болидот се зголемени и посериозни, и конечно, на предната страна на шасијата на болидите е монтирана 360 видео камера.
Формула 1 мотоспортот останува зависен од значителни финансиски средства за нормално функционирање на еден тим, па помалите тимови имаат големи проблеми за да го обезбедат својот опстанок.
Враќањето на Алфа Ромео во Ф1 Шампионатот, како главен спонзор на Заубер Ф1 тимот, донесе надеж за избегнување на дното на табелите во поредокот на возачи и конструктори. Сепак, тест сесиите во Барселона ни покажаа дека тоа нема да биде така лесна задача.
Оваа година дебитанти во вистинска смисла на зборот ќе бидат, Чарлс Леклерк, Шампионот од Ф2 натпреварите, кој го замени Паскал Верлајн во Заубер и Сергеј Сироткин, кој доаѓа во тимот на Вилијамс на местото на Фелипе Маса, кој конечно замина во долго најавуваната пензија од Формула 1.
Пјер Гасли и Брендон Хартли, исто така може да се водат како дебитанти, иако зад себе веќе имаат по неколку извозени трки во минатата сезона.
ПИРЕЛИ - Тимовите на располагање имаат три номинации за секој тркачки викенд, од кои една од најтврдите смеши е задолжителна за користење во трката, а најмеката во Q3 сегментот на квалификациите. Се ова се прави за поголем број на можни стратегии за тимовите, со тоа и поинтересни трки.
За првата трка од новата сезона, Пирели ги номинираше истите три смеши од минатата сезона: Жолтата Мека, Црвената Супер-мека и Виолетовата Ултра-мека. Но, тука е новата промена, 2018 смешите се еден чекор помеки во однос на 2017 година, плус имаме две нови опции Хипер-Мека и Супер-Тврда смеша.
Повеќе за новите гуми на Пирели на следниот ЛИНК.
Со новите побрзи болиди, променливите временски услови и големата еволуција на патеката, Мелбурн е секогаш една од најнепредвидливите трки во календарот.
Во неделата задолжително мора да се искористи еден сет од меките или супер-меките гуми, додека во Q3 сесијата од квалификациите задолжително е користење на еден сет од ултра-меките гуми.
На најбрзите 10 возачи тој сет им се одзема веднаш по завршетокот на сесијата, но останатите возачи ќе го задржат за трката.
ИСТОРИЈА - Кога Формула 1 дојде во Австралија во 1985 година, своја база ја имаше во Аделаида. Но, Боб Џејн, екс-тркач кој подоцна станал претприемач сакал да има трка во Мелбурн. Тој го создаде AUSCAR Шампионатот, пандан на Американскиот NASCAR. Тоа било основа за создавање на голема мотоспорт заедница во Мелбурн, која постепено го зголемувала притисок кон политичарите. Така, во 1992 година Џеф Кенет е избран за нов премиер на државата Викторија, кој веднаш се насочил кон подобрување на тркачкиот профил на Мелбурн.
Прва желба на листата била доведување на Големата Награда на Австралија. Веќе во 1993 година е потпишан договор со Формула 1, но договорот со Аделаида истекувал во 1995 година. Кенет имаше доволно време на располагање за подготовка. Патеката почна да се гради на убавиот Алберт Парк во Мелбурн. Првата трка беше одржана на време во 1996 година. Трката веднаш станува многу популарна кај возачите и фановите, кои со нестрпливост ја очекуваат секоја следна трка.
ПОГОНСКИ ЕДИНИЦИ - Според правилата, бројот на V6 моторите кои можат да се користат во текот на сезоната се намалува од четири на три, што значи дека секој ќе мора да се справи со 40% зголемување на километражата.
Постојат построги ограничувања за потрошувачката на масло, од само 0.6 литри на 100км. Исто така, дозволен е само еден вид на лубрикант во текот на тркачкиот викенд.
Постојат нови регулативи кои се однесуваат на позиционирање на одредени електрични компоненти во областа околу акумулаторите. На крај имаме минимални и дополнителни ограничувања кога станува збор за користеното гориво и температурата на воздухот што влегува во цилиндрите, како и на издувните гасови.
ТВ ПРЕНОС кај нас во Македонија ќе НЕМА, како што засега стојат работите. Надежта последна умира, па ние се уште се надеваме на изненадување во последен момент од МТВ.
Не се сеќаваме на година во која Формула 1 не се емитувала во Македонија, но за се има прв пат, за жал на Ф1 фановите.
Единствениот канал кој ги има правата за Македонија, СК Србија, не се емитува во нашата земја!!!
Дури и за официјалната страница на Формула 1 и најавените преноси преку новоформираната Ф1 ТВ-ја на претплата не постоиме.
Останува да се снајдуваме по стримовите на интернет. Според нашето искуство со интернет стримовите најквалитетна слика нудат AcePlayer линковите. Еве кратко упатство за употреба на оваа апликација.
ЧЕКОР 1 Симнете и инсталирајте AcePlayer. ЛИНК
ЧЕКОР 2 Откако е инсталирана апликацијата, за внесување на линковите кликате на јазичето Media, од чие под мени го избирате Open Network Stream по што се појавува прозорец како на втората слика подолу.
ЧЕКОР 3. Во полето Please enter a network URL внесувате линк и кликнувате на PLAY. Ако имате послаба интернет врска ќе треба да почекате додека се вчита преносот.
П.С. Ако не се снајдете сами за линкови, ние ќе ги постираме на нашата ФБ страница 10-15 минути пред почетокот на преносите, Квалификации, Трка. (линковите претежно изгледаат вака - 85a03d598977c647258d66011dd50aefda46c055)
На крај сите сакаме да знаеме кој ќе победи во Мелбурн? Нашите размислувања на таа тема ги имате во АНАЛИЗАТА НА ТЕСТ СЕСИИТЕ ВО БАРСЕЛОНА.
На интернет се појави, неофицијално, новата темаска музика на Ф1 Шампионатот, компонирана од Брајан Тајлер. Што мислите? Ќе ја биде или не?!?