Мекларен и Рено, исто така, имаа добар настап, додека можеби најголемото изненадување беше бројот на комплетирани кругови на Торо Росо, кој од оваа сезона ги користи погонските единици на Хонда.
Да го земеме ова со резерва, бидејќи најголемиот проблем на овие два производители беше загревањњето, т.е. ладењето на нивните ПЕ, кое на студеното време е многу полесно изводливо.
Се шпекулира дека дури тимот на Рено, настапувал со еден радијатор помалку за ладење, од вообичаеното.
Да се надеваме дека за следната недела ќе има повеќе сонце во Шпанија и ќе дознаеме нешто поконкретно за тимовите.
МЕРЦЕДЕС АМГ
Нема причина да се верува дека тимот ја изгубил својата брзина или направил нешто друго освен дека го надградил својот 2017 болид. Тоа е еволуција што се чини дека функционира добро.Возачите на овој тим, единствено како потешко да се справуваат со W09 во почетните кругови, кога пневматиците на Пирели ја немаат достигнато нивната работна температура.
Висината на задниот дел на болидот е значително помала од болидите како што се Ферари, Ред Бул и Мекларен.
Тоа е затоа што инженерите на Мерцедес АМГ не ја следеа развојната патека на споменатите тимови, иако и нивната висина на задниот дел од болидот е малку зголемена.
Нивните инженери се убедени дека развојната насока што ја избраа има потенцијал за поголеми перформанси.
ФЕРАРИ
Според аналитичарите тоа е единствениот болид кој не се подобрувал низ тест сесијата, туку напротив назадувал. Во понеделникот, SF71H, изгледаше дека е во топ форма и беше еден од најстабилните на асфалтот.Но, подоцна, на вториот, а особено на последниот тест ден, кога Себастијан Ветел се обидуваше да форсира малку повеќе, задниот дел на болидот не успевал да биде стабилен низ свиоците, проблем кој Ферари не успеал да го реши во текот на целата тест сесија.
Тимот работи со релативно висок заден дел на болидот, кој е изненадувачки висок и при влез во свиоците, т.е. на крајот од правците под големо оптоварување. За максимална брзина на правците, задниот дел на болидот треба да е што пониско, додека високо поставениот заден дел на болидот овозможува стабилен преден крај за влез во свиоците.
Бидејќи кај Ферари имаат нестабилен заден крај, може да се претпостави дека имаат пренагласен преден крај на болидот. Севкупно, Ферари се уште изгледа добро, но, на оваа тест сесија разликата до Мерцедес АМГ треба да е причина за загриженост, барем за нас кои не ги знаеме сте факти и податоци од телеметријата на болидот.
РЕД БУЛ
Австрискиот тим имаше незгодна прва тест сесија. Освен првиот ден, кога се работеше како подмачкано, следуваа премногу проблеми на малку поминати километри.Според аналитичарите на патеката Каталуња, тимот поминал многу време во подесување на страничните спојлери на болидот. Дали не се задоволни со нивното функционирање или е нешто друго во прашање не се знае, но очигледно е дека нешто се случува во таа област на болидот.
Исто така, Макс Ферстапен имаше проблеми со протекување на гориво, а потоа излетување на неговиот втор тест ден. Според брзината се добива впечаток дека тимот заостанува зад досегашните два најбрзи тима, но, тоа може да се должи на конзервативниот пристап на Рено во подесување на своите погонси единици. Сепак, RB14, изгледа многу добро кога работи како што треба.
РЕНО
Во овој момент може да се каже дека тоа е тимот што е најбрз во средината на поредокот, малку пред Мекларен.RS18 изгледаше добро на асфалтот, тоа е наследник на RS17, кој минатата сезона ја заврши како четврт најбрз болид, па нема некоја поголема причина која би сугерирала дека го изгубиле тоа место во текот на зимата.
Но, исто така, според она што го видовме на оваа тест сесија, нема ништо што би сугерирало дека би можеле да се искачат на ниво на најбрзите три тима.
МЕКЛАРЕН
Тим кој се реши за промена на Хонда ПЕ со Рено ПЕ. Новиот болид, MCL33, изгледаше многу добро на асфалтот.Единствениот проблем е што најмногу работеа на помеки гуми од другите болиди, па не може да се каже дали тоа е причината за неговата стабилност.
Очекуваме да видиме пореална слика за овој тим на втората тест сесија, во година која треба да докажат дека нивната шасија е навистина добра како што се зборуваше.
ХАС
Може да се каже дека направиле прилично добра работа за време на зимската пауза, иако на болидот му недостига потисна сила и е прилично нестабилен, дури и на помеките смеши на Пирели.Се поставува прашањето дали на овој начин, тие, како и во случајот со Мекларен, ги прикриваат своите слабости. VF18 изгледа како конзистентен болид кој има добра основа за понатамошен развој.
Тоа е болид, кој ќе биде во можност да ги искористи сите укажани шанси за финиш во освојувачите на поени. VF18 е еден од наједноставните болиди на гридот, но, тоа и не е некој проблем, ако инженерите може да разберат како да го извлечат неговиот максимум.
ТОРО РОСО
Тоа е тимот кој најмногу не изнeнaди на оваа тест сесија. Треба да им се честита за она што го постигнаа со Хонда. Двете страни работеа напорно за да го склопат целосниот мозаик, и очигледно тоа го направија одлично.По незгодната соработка со Мекларен во изминатите неколку години, за Јапонците е освежувачки да се работи со помал тим кој е подготвен да послуша некои работи. Не е лесно да се промени добавувачот на погонската единица во толку краток временски период, но, тоа беше веројатно 10 пати потешко за Торо Росо, отколку Мекларен да се прилагоди на Рено.
Инженерите на Торо Росо се задоволни издржливоста на Хонда, што е многу поразлична од она што го видовме минатата година. Што се однесува до брзината, STR13, не поставуваше некои неверојатни времиња, но, целокупниот пакет е добра основа за работа и на добавувачот на ПЕ и тимот.
ВИЛИЈАМС
FW41 изгледа понестабилно на патеката во споредба со другите болиди од средината на поредокот. Новиот болид на Вилијамс има комплетно нова насока на развој, која претставува комбинација на технологијата на Ферари и Мерцедес АМГ.Како недостаток на овој пристап е тоа што може да потрае некое време за да се разбере таа комплексност и да се извлече максимумот од пакетот. Она што е од клучно значење е дека сите овие делови работат правилно, но има уште многу работа што треба да се направи.
Дали инженерите на овој тим ќе бидат во можност да ги согледаат работите како што треба ќе зависи и од фидбекот на својата неискусна возачка постава.
ФОРС ИНДИЈА
Нивните инженери и дизајнери доцнат со развојот на новиот болид, VJM11, најверојатно поради долгите и, засега, неуспешни преговори за продажба на тимот.Најавени се одредени надградби, кои што ќе бидат воведени на втората тест сесија, и многу повеќе за првата сезонска трка во Австралија.
Од она што го видовме на првата тест сесија, може да се заклучи дека ги очекува многу напорна работа за да стигнат до болид кој би имал шанса да го одбрани четвртото место во шампионатот на конструкторите.
ЗАУБЕР
Швајцарскиот тим, се уште е таму каде што беше минатата сезона, последното место во поредокот. Еднставно, C37, нема грип, па возачите не може да форсираат премногу.Заубер го следеше концептот на Ферари и нема причина да не се верува дека ќе добијат техничка помош од инженерите на Алфа Ромео, т.е. Ферари.
Новиот болид е многу посложен, па можеби ќе биде потребно повеќе време да се разбере неговото функционирање на патеката. Засега нема индикации дека ќе мрднат повеќе од последното место во поредокот.











