Мартини нема да го продолжи спонзорскиот договор со тимот на Вилијамс Ф1 по завршувањето на оваа последна година на нивната соработка. Бакарди групацијата одлучи целосно да излезе од Формула 1, т.е. нема да вложува во друг тим. Познатата марка на алокохолни пијалоци потпиша партнерство со Вилијамс пред 5 години, што вклучуваше и целосно ребрендирање на болидот.
Застапниците на Брендот Мартини разговарале за продолжување на договорот со Вилијамс, но, и со други Ф1 тимови за продолжување на нивното присуство во Формула 1, но на крајот било одлучено дека рекламата во овој спорт, не е во согласнот со целите на компанијата. Оттука, групацијата одлучила целосно да се повлече од Ф1.
За следната 2019 сезона, оваа одлука ќе биде голем финансиски удар за Вилијамс, а тимот работи на доведување на нови спонзори, како што е неодамна додадениот Акронис. За сегашната сезона, Мартини ќе продолжи да работи со Вилијамс Ф1, кога и ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на Мартини Рејсинг програмата.
ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ВИЛИЈАМС
3/02/2018 08:09:00 PM
0
Share to other apps




