Четирикратниот Ф1 Шампион, Луис Хамилтон, има само пофални зборови за Кими Раиконен на Австралиското ГП, кога Финецот беше во можност да изврши притисок во почетната фаза на трката.
Тоа резултираше со стратегиски потег на Ферари за поран влез за промена на гумите и претекнување на Хамилтон низ боксевите, но, ривалскиот тим реагираше веднаш, веќе во следниот круг.
Себастијан Ветел остана подолго на патеката, имаше среќа со ВБВ, кое му ја донесе победничката стратегија. Хамилтон се обиде да го нападне Ветел, но, на крај мораше да се задоволи со второто место, за да го зачува својот мотор.
"Тоа беше борба против два болиди.", рече Хамилтон. "Не е лесно да се победи тим кој ги има двата болиди на врвот. Минатата година видовме колку е важно да се имаат напред и двата болиди, а сега е уште поважно со Ред Бул и Ферари."
"Кими одеднаш беше многу брз, што е прекрасно да се види. Тој има многу време поминато во овој спорт, мислам дека тоа е повеќе од шеснаесет сезони. Кими беше навистина одличен и беше многу брз цел викенд."
Британецот мораше самостојно да се бори со двата болиди на Ферари, бидејќи неговиот тимски колега, Валтери Ботас, имаше излетување во Q3 сесијата. Во инцидентот беше уништен и неговиот менувач, што го дополнително го чинеше 5 стартни позиции.
Ботас мораше да стартува од 15-тата позиција и не беше во можност да се вмеша во битката за победничкиот подиум.
ХАМИЛТОН СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА РАИКОНЕН
3/31/2018 01:14:00 PM
0
Share to other apps